Мајки не знам која тема е соодветна за прашањево, препорачете ми фотограф за роденден, фотосесија еден ден? мојот е зафатен па сега барам по пристапна цена и да извади убави слики
Има ефект од овие нараквици? Искуство да сподели некоја мајка? Малата му е магнет за комарци, и уште полошо е што ги чешка до раскрвување и лом е по цело тело. Стално ја прскам со средства против комарци, ама и тоа веќе ме загрижува оти пречесто мора да ја прскам за да ја заштитам од досадните комарци.
Еве ми се појави во Мини-Вик во Беверли или Бамбисимо. Ние имаме наследено од внуците, од хм мислам беше, сега не можам да ја најдам да ти кажам сигурно.
Кај да најдам реквизити за во двор (лулашка, лизгалка, итн) по пристапна цена? Мене некако многу ми се чини 4 000 ден само за лизгалка, и уште толку за лулашка... Или некаде да има други интересни работи за по двор, а да не коштаат мало богатство?
Ние имаме купено од Тримакс ранец. Не знам точно која фирма е (го немам сега со мене), ама е комплетно анатомски со една голема преграда, една помала и еден џеб напред. Од двете страни има мрежа за шишенца. Заврши второ одделение детето и оваа година цела година само него го носеше у школо (лани не го носеше само Понеделник и Петок) и ранецот е уште како нов. Лани како што спомнав три дена носеше помали ранчиња ама годинава сам реши дека овој големиов е најдобар избор и цело време си го носеше него. Само да напоменам не е од тие со трклаца (мене лично тие ми се некако премногу гломазни). @eli25 маички со Minecraft имаш во сите продавници за деца во Беверли Хилс (најчесто од Зара и HM ама со сечени етикети). @Skyler ние на подарок добивем постелнина со Спајдермен купена од Памук Пале. Види во таквите продавници или евентуално во Тач (https://www.tac.com.mk/album/TAC Licensed/Marvel/Spiderman/index.html).