Јас имам и подлога и од сунѓерестите сложувалки, подобри за одржување ми беа сложувалките. Ама после употреба, за складирање подлогата зафаќа ич место, а тие сложувалките еден квадрат. Плус подлогата можиш да ја искористиш за во парк, ливада, плажа. Е ако ти се даваат повеќе пари, на ѕуница подолгите се многу убави, ама па не се многу големи.
Немам други како коцки за споредба. Мене ми се допаѓа исто ради фактот што се користи и во двор, се мие итн.
Што им купувате на 3+дечиња за во вода? Дали мускули ама некако слабичко ми гледа и непрактично, од гума лани се плашеше не сакаше да ја стави па се мислев тие како елечиња што се, ако може искуства, цена и од каде да набавам?
Ако се плашел од гума тогаш мускули не оти делуват пострашно за децата. Поголем дел од горниот дел од телото е во вода со мускули. Елек да пробаш или од оние мускулите како со полу елек што се во едно
Во Скопје има ли ваква продавница со милион тракатанци за волку ефтино? https://deposithousemarket.com/category/babiesandkids/toys
Каде можам да најдам патики за во вода? Џамбо имаше добри ама распродадени. А ми треба поголем број, 32/33.
Ние тогаш мускули стававме и без проблем беше. Исто во Грчка најдовме гума со преграда меѓу ноџињата и воланче со свирка. Ептен интересно им беше.
Цели пластични, скроѕирни во Ранерс, чим Џамбо си ги испуштила тие, јас со некои слични сум, задоволна, само треба да се баш точни инаку ќе паѓаат од нога. За онлајн едни на Спидо пластични има и едни баш какви што бараш, Интерспорт мислам беа или види по сите спортски ќе ги најдеш. Не знам каде ќе идете, но ќе најдеш и во Грција, на 4ри места бевме јуни секаде имаше, во три Лидл исто имаше по тоа корпите, Охрид кај пазарот имааат исто.