не земав седиште. фатија пеколни горештини и така остана. вчера бев во velosiped mk но имаше само едно седиште останато италијански бренд ми го испофалија. имаа повеќе избор седиште за на рам а не на багажник. мене ми треба за на багажник бидејчи имам градски велосипед На друго место незнам кај да гледам.
Стварно немаа, каде беше во аеродром или водњанска? Јас ги гледав пред неколку недели на сајтот имаше нешто на залиха и таман си закажав сервис неделава и да одам после да си ставам. А ептен ми треба. Тоа италијанското сигурно 5-6 илјадарки е... Зимај да не ти го земам .
Каков таблет да земам за во кола, некој поевтин ми треба, како се движат цените? Ми треба да симнам песни, занимации за во кола, за до грција. Хорор ми е патувањето, дека не сака седиште
Малата ќерка сега ми прооди, 15 месеци има и има многу мало ноџе...дури 10 цм. Не знам кои обувки да и ги земам, патичиња толку мали не верувам дека ќе најдам, останува од оние со патент што се отстрана, да барам такви?
Мајки дрвени кујни за деца по поприступачна цена дали би можело да се најде кај нас? Некако многу ми се гледаат 5000 за играчка :/.
Колички метални,пиштол на вода, книга со решавалки, пушка со меурчиња од сапуница, кола со даљинско... со тоа се занимава моето
Од каде може да најдам дрвено креветче за бебе со преден дел т.е. ограда што се спушта? Сакам да го доближам до спалната да ми се спои лежајот.
Во Мега аутлетот имаш секогаш попусти, башка има и Pepco таму и до него уште една нова отворена, со океј цени.
Не мора да купуваш извадија само страната и залепи го креветчето со спалната. Така направив и јас пред месец дена.