летово помина јас седиште за велосипед не земав. Јуни дождлив, јули пекол. дојде август седште да купиш ни за лек. Едино он лајн нешто ми дава. Или да си чекам пролет, сега секако фаќа ладно, па дали да брзам за седиште. А ја гледам сака да се пентари по точакот.
Ако имаш реална потреба не гледај пролет зима. Јас го возам цела година, ама ме фати страв мојава да ја качам . Зошто низ град го возам, а не за рекреација. И стварно некогаш не ми се пали кола за до овде-онде со нејзе и во тие моменти си викам ах што не си ставив седиште. Инаку на сервис бев во bikemarket таму имаше жими едно ама беше сосем ок и после нешто се преплашив и не го купив. Има и на thule, многу се убави, ама солени.
Реална потреба да имам нешто немам, ама така поручек, викендашки да ја провозувам. Инаку и јас сум постојано на велосипед, освен кога е дожд и снег.
Земи си било какво тогаш не му ја мисли, би требало сите да имаат сертификат за безбедност, барем тие од еу сигурно. Да имавме здрава инфраструктура и да поминува детето секој ден по 1 саат во седиште јас ќе го земев тулето, ама за вака би земала било какво, колку да има. @januari19 немам искуство да те советувам, нешто малку истражував, обично гледам на youtube reviewa. Има седишта што се навалуваат, мене тоа не ми е многу важно пошто не планирам да ја возам додека спие. Би обратила внимание на тоа да има убава вентилација да не се поти многу. Подлогата за нозе да е стабилна, да не и излезе нога, да не ја жуља затварачот и сл. Да може да се монтира на соодветна одалеченост од возачот, да не ми е до газ залепена. Јас гледам за на багажник, да има канџа за на рамот и евентуално да може лесно да се извади без да го демонтираш цело.
Thule кај ги најде? Колку се?На сајтот на номад стои како бренд но го нема. Едни видов ама за на рам. Мене ми е за на багажник.
Леле да...ќе видам во Дуки Дасо што има останато..за во Австралија ми е поклон а ги немам видено децата па ми е баш проблем што да земам. Фала
Како се движат цените на вакви табли? Им пишав на Галакси ама ги нема да ми вратат, а итно ми треба денес да земам