Јас оваа и ја земав од десно двострано е од прилепска продавница за 650 денари. Не ни е отворена уште
Од Бебе Хоум се топ, две имам дома. Во Џамбо имам видено. Ми излезе пред некој ден и на друго место дека ги има, да ме убиеш не ми текнува каде.
Хелоу, од каде да најдам интересни топлинчиња за мало фраерче (бр 22 сме) а да не е Кеги? Апосолутно ништо не ми се свиѓа од таму (единствена сум знам)
Кој кажа дека се убави од Кеги? Од кеги колев се едни од ретките кај нас што е ок за деца кои скоро проодуваат. Имаше една продавница онлајн ама заборавив како се вика. И некои модели од мат стар. Се друго што има е меко кај петата или има додаток за наводно да се ортопедски.
Да ѕирниш на хм и некст па да порачаш преку профиливе што прават нарачки? @MilaSs12 ептен слични/исти се моделите на кеги и кк, ама таа гумата на топлинките од кк е прекрута. Добивме на подарок, син ми не можи да оди во нив, како на јајца да гази.
Па сите ми ги зборат демек единствени ортопедски и квалитетни кај нас се Кеги, али грди бе, за машки па особено само шари со колички и фудбалчиња, океј е Ај баш ако ти текне на страната пиши ми ја, ќе ти бидам најблагодарна
Мене обратно ми се покажаа. Плус на кеги шус имаат перниче кое ортопед не го препорачува. Да бидам искрена лани не му купив, најдов едни како термо чорапи со кожа доле и така беше цела зима. Мразам такви работи. Ни женските не се убави. Розе розе а машки тегет и топки. Има и во https://www.obucametro.mk/toplinki/detski ама не знам дали се ок, Ми текна, еве ја Кеги колев немаат, целосно се рамни.
И јас лани така поминав со такви чорапчиња бидејќи и мало беше немаше ни броеви. Ама годинава во градинка идеме и тие ќе ги соблече инстант, ништо не трпи Тоа се шарите инаку плави со диносауруси, колички и топки. Други не постојат. И женските со Мини и Елса
Каде да ја најдам кулата од Патролни шепи, големата? Освен во Србија во Дексико, не ја наоѓам на друго место. Кај нас да не знаете дали ја има некаде?