А познавајќи ги Кеги со влошките што имаат перниче, дали и чизмите се такви? Инаку тоа со вадење постава ми звучи практично. Не се потат нозете без поставата?
Па мојов да ти кажам си трчаше со нив немаше гајле. Да ги ѕирнам па ќе ти кажам ама мислам дека чизмите немаа перниче.
Што ставате за заштита, да не доаѓаат децата до камин? Сум гледала некои како огради, ама сега не можам да најдам ништо.
Пробај низ продавнициве што продаваат работи за дома, како Меркур, Бриколаж. Или да ти изработи ограда некој што изработува железни огради, балкони.
Види од некст. Ќе ја означам @LazaLaza, таа за малата порачува. Во бебе хоум имаше, мислам и во Пики на ФБ.
Да супер се на некст. И лани тазе проодена си ги носеше и еве оваа година. Крзното внсттр баш е дебелко па дури и ко за зимска чизма. Мајка ми и земала и од името обуча и тие имаат крзно ама доста потенко.
Здраво, каде можам да најдам бебешки лигави, бањарки, пелени да прават со име по желба да не е онлајн??
Ако мислиш на везени фротекс правеа ама не знам што производи имаат на 3та македонска бригада, а печатени мала пажња во лептокарија.
Мамиси, каде да најдам да шијат детски пижами сакам со име да се? Најдов една страница на инста Сонувалка ама не се активни.
Fairytale_bedding. Каде да најдам смеса за моделирање за раче ноџе? На бебе хоум ми се поскапи, има ли негде поевтини? А сепак да се убави
Нас ни дадоа за подарок од Џамбо. Рамка за слика со еден дел за отпечаток. Го направивме отпечатокот на многу мало бебе (околу месец дена) и собра и раче и ноџе. Еве скоро 8 години уште си стои. Потоа добивме на подарок од Бебе Хоум пофенси производ што требаше да направи 3Д отпечаток ама со тој не успеавме. бебето беше малку поголемо, почна да мрда и ја фрливме смесата. Потоа за мекици кај стигнев носев од тие од Џамбо наместо бонбоњера или цвеќе.