Може ли некоја мајка што нарачува од Next, да ми прати линк од страната од кај што прават достава до кај нас? Фала
Табла, масичка и столче, на синко исто му купив гаража со количиња Hot Wheels од Енци Менци, многу ја сака. 3500 беше. И ние сме скоро 2 години. Шаторче можеш (ја не би ова, ама предлог), кош (ние имаме од Локо Кроко, го обожава), гол (исто го обожава), тротинет со такво за седење, и било што со колички или топки ти е полн-погодок за машко. Ние лани толку облека добивме што пола не ја ни облековме. Или пари, родителите можеби му имаат отворено штедна книшка.
Каде можам да најдам сказни за Маша и Медо,имав купено од стокомак мислам беше , само таа ја читаме по 10 пати во ден џабе имаме 100 други.
Имам за двете деца од Happy Kids Macedonia, задоволна сум, спијат втора година по ред. За поголемото дете ми ја направија по нарачка и подолга.
Каде да најдам "опрема" за на дожд? Ми треба raincoat/јакничка за на дожд и панталони, чизми имаме. Да не е онлајн, пошто ми треба за викендов. Во ваиккки има само панталони, јакна нема. Во туктук се преубави ама прескапи. Х&М нема. Во зара, манго не сум барала, да не бил некој да видел? Или друга продавница, не ми текнува. Мало бројче 2-3 год.
За јакна од бејби центар ги меркам ама само онлине ги гледав не знам за во живо дали се ок https://www.babycenter.mk/obleka/dodatoci/cadori-i-kabanici Панталони не видов
Гледам на апликација дека во зара има и пантолони и јакнички. Јакните се топ тоа барем знам. Не знам дали ги има и по продавницк
За панталоните и доле ластиците. Видов некоја слика дека се облекуваат врз чизмите и ластикот стои од надвор одоздола на чизмите. Ај и за ова да не се чудам како за врвката на ракавиците, нека ме просветли некој како се облекуваат панталониве?
Има како копчиња од страна што се откопчуваат да се олабават, и дете влага во нив ко во вреќа Ама предобра работа, ние ги користиме и за шлапање во кал и низ двор. Во Синсеј има убави јакни и панталони, доста поефтини, само немаат “топла” постава како што имаат овие од Зара.
Имаше raincoat во Ваикики во Капитол, баш вчера видов. Е сега шо бројче имаат останато поим неам Јас имам од Зара, стварно е precute и убаво поставено, топли. Абе како ви одат децата со тие чизми? Моево не знае да оди, само паѓа и пресмешно е такво мало со големи чизми