Таква гледав негде по онлајн страниве, но ме ни текнува на која, а слични организатори за играчки има овде, ако те бендиса некое, имаат и попуст: https://velleahome.mk/products/za-deteto
Ова долу ми личи на од Икеа, Kallax колекција. Ако имаш кој да ти донесе. Евентуално Јуск ако има нешто слично. Или Виденов/Велеа е сега.
Овие се надвор од Солун ако ти значи. Кај икеа има едно мустакас за играчки и опрема мислам немаат облека. Затоа од карши има еден florida отворен мол. Сега гледам prenatal отвориле место leto, mothercare, elc, овие ми се познати за деца. Во тој реон и hondoscenter имаат на долниот кат детски брендови за облека, ама кога се попусти вреди инаку соленко е.
Кај џамбото имаш пренатал и синсеј во космос на последен спрат, и во центар на големите две улици ќе најдеш по нешто. Имаше и некои продавнички во споредните улички, прошетај на гугл мапс
Немам лично искуство, пријателка моја лани зеде за малиот, рече дека целиот плакар за чевли им се умирисал од чизмите и затоа ги фрлиле.
Имам дрвена масичка со 2 столчиња од Пики, мислам накај 1500ден беше пред 3 години, превалитетна, јас можам да се качам на масата одозгора, маж ми редовно знае да седне на столчињата, ни штрафче им нема попуштено. Најефтини беа за дрвени маса и столчиња тогаш, ако ги имаат сеуште верувам нема да најдеш подобра цена. Многу се шарени, искрено не сум фан на дезенот, ама се покажаа ептен квалитетни.
Немаме за деца земено, за нас со сопругот имаме купено чевли/патики. На моите балетанки пишуваше Polaris, веројатно брендот тоа. Убава подлога, згодни за носење, се замирисаа после 3-4 носења и ги фрлив. На од сопругот патики, Lumberjack, мислам беа, години ги носи, немаат ни миризба, ни попуштено во квалитет.