Значи не сум единствена која е незадоволна од обувките од Фло. Лани за децата купив копачки. Стапалата ужасно им мирисаа од нив. На поголемиот палците на двете нозе му отекуваа, а му беа и црвени. За мене земав патики. Мислам дека никогаш толку не ми мирисале стапалата. Никогаш повеќе нема купам нешто од таму.
Кад може да најдам онлајн ако може, капа зимска плетена но внатре да е мека, секаде каде што ги гледам се плетени внатре без материјал и го боцка. Исто и нараквици шушкавни за 3 год.
Делот за седење на столчињата е на висина од 20 см, баш на 2ипол ги купив за ќерката, мислам дека таман се за оваа возраст. (По исполепените стикери и шкртаници се гледа дека квалитетно е искористена повеќе години )
Во House of books пред месец ипол ја купив ама многу поскапо. Сега кој ја гледам оваа цена ми се плаче
Некаде по интернет страниве ја гледав,до 800 ден беше. Ама сега не можам да се сетам. Се радува ли детенцето? Овој мојов е многу штедлив се надевам ако ја најдам дека ќе му се допадне.
Искрено, само првите 5 мин и беше интересна и толку. Цената и е скоро дупла 1290 нешто така беше ако се сеќавам добро.
Мамиии. Ај хелп. Снегов не изненади. Лани и зрмав чизми за снег, останаа со етикета. Кажувајте какви и од каде да земам а да не се прескапи? Број 22. Гледам има некои во метро гумени како за дожд ама со крзно. Тое за снег се?