Не се за снег овие од метро. За на дождов и каша да, ама баш за снег не. Има некоја постава ама далеку од крзно за да згрее.
@brm_brm Моментално сум на иста "мака". Мене ме интересира бројчето. Како да го погодам? Според цм ко да ми се разликуваат од останати чевли/патики. Дали ако носи патичиња 21 треба да земам чизми 22? Ме бунат она табеливе по страниве за продажба.
Најубаво е ако можеш влошката од чевлите да ја извадиш и да ја ставиш на босо стапалце да видиш до кај доаѓаат прстињата. Бројчињата кај различни производители се често различни, пример најк и адидас. Исто за чизми и патики мојата различен број носи, исто и за сандали и патики. Ако носи патики 21 не значи дека треба чизми 22, зависи од калапот, на мојата едните чизми и се број помали од патиките. Ако мораш онлајн да нарачуваш гледај да можеш да вратиш ако не одговараат и прашај дали може да ти ја извадат влошката и да ти ја измерат. Палецот треба да и завршува кај што почнува накривувањето на влошката, тоа е околу 1 цм простор да има во чевлата и треба лесно да се виткаат.
Веќе ти одговорила @Mucika . Со влошка мерам. Земам влошка од тоа што носи и со мене во ташна и мерам.
@Mucika @brm_brm Фала ви, нарачав и има опција за замена ако нешто не чинат, па ќе видеме дали сум погодила. Инаку @brm_brm јас вакви нарачав, ги има и во Sport Vision и во Sport Reality. Спојлер Моментално се на попуст, ѕирни ги.
Ракавици? За на снег? Беоспорт и по спортскиве, мислам од Вижн му се на мојов. Инаку има и ХМ, Вајкики. Тие од Вајкики му пропуштаа додуше.