Сега земав хеланки за малата (2г) со бројче 23м. Кнап. Така земај си плус поголемо бројче. Овие се мали бројчиња баш за новороденче 56 после месец може да носи
Имаше,ама тоа беше во неделата. Денес отидов пола закачалки празни Не знам во кои денови вадат нова роба. Провери и во Рамстор ми личи на поснабдена продавницата.
Каде да најдам дебела зимска јакна за дете за три години? Моментално носи јакна купена од тилла од лани ама ме напаѓаат домашните дека му е тенка. Лани кога гледав ми личеше ок дека е дебелината, сите беа такви.
Од каде купувате санки? Отворив тополино по 8-9000 ми треба за мало дете 2-3 год со некоја разумна цена
Види во Reserved, Sinsay, Waikiki Од пластичарска 5 пати поефтини Ние купивме дрвена класична, но лани не ја носевме и изнајмивме пластична од оние со држачи од страна. И многу подобра е пластичната според мене,пониска до земја нема од високо да падне дете ако се преврти. Туку, има новогодишна желба: кујна. Каде има кујни во неутрални бои?
Предлог новогодишен подарок за девојче 2 години и батковци од 3 и 4 години? Буџет до 500 денари од дете дополнително би ставила и чоколадни лампиони и други грицки.
Ако ве носи патот накај Србија, во Лидл https://www.lidl.rs/p/decija-igrack...39?pageId=10033639&tabCode=Current_Sales_Week За кај нас не знам.
H&М убави дебели јакни имаа лани, а од надвор против ветер и дожд обложени. Сезонава не сум била ама сигурно има слични модели.
Мајкиии , каде купувате печати за деца ? Ми треба за подароци за во градинка за роденден .. посебно ако знаете каде можам да најдам новогодишни ?