Топлинките од топлинки.мк Каков калап се? Моментално носи цицибан 21 и се точни скроз. Дали да земам 21 или 22 од топлинки мк? @LiquidLuna знам еднаш тебе те прашував. Кое бројче носите на топлинките во споредба со други обувки?
Според моето искуство побарај им табела со сантими ќе ти пратат и оди според неа...јас кога купував син ми носеше најк патики 24ка а од топлинки.мк зедов 22ка и супер му беа во однос на големина
Срц побарај си по цм и спореди на крај ако не си сигурна. Мислам дека ќе ти пратат, мене еднаш ми понудија ама јас само земав едно бројче поголемо од претходното. 23ката е 15цм влошката, сега ја измерив. Колку цм е ноџето на другарка ми?
13-13.5cm Ај ако имаш види. Па о да нарачам поголемо ако е големо ќе и земам и помало. Секако ќе ги носи. Во претплата ќе сум
Земав 22. Големки и се, а она среќна не ги вади од нозе. Цел прст мој брцкам позади, тоа значи големки се нели? Сантиметрите се за должина на стапало така?ако да, тогаш е за 21.
Имаше како книги или едукативни кутии на busy books на Инстаграм. Спремен сет од игри за графомоторика, концентрација, учење, бројки.... Има и други страници со слични изработки. А инаку на друго едукативно на што мислиш на пример? Зш и јас барам ама не знам што би било тоа. Или пак најмногу децава што сакаат е играта со улоги па следствено и такви играчки, со фискални касички, сет за доктор, мајсторски алати и слични.
Јас ги гледав пакетчињата што ги викаат едукативни по книжарнициве, како Просветно дело, Херби, Тримакс, но сите се на ист принцип и слична содржина. Неколку боенки, сликовници и боички, но секоја година се исти. Сакав нешто покреативно.