Каде да најдам поголема кеса/торбичка за новогодишно пакетче? Оние што вообичаено ги има се некоја стандардна димензија, ми треба поголема
За 2 ипол-3 годишно кое точаче е подобро, ова: Или ова: Второво ми делува поквалитетно, ама првото има рачка, претпоставувам од многу помош е таа рачка за контролирање, вака ќе треба апла да трчам по детето.
Рачката од мое искуство никаква работа не заврши. Си врти напред на педалата и ко ќе види дека не може пример у ѕид да се зачука оти вртам од позади, се лути и станува. Го немаме овој модел, се надоврзав само за проблемот со рачката Мислам дека второто е поубаво
Јас мислам пластичната е подобра за таа возраст затоа што не може да се преврти како на метална/дрвена санка. Ние имаме дрвена, ама кога одиме на зимување секогаш изнајмуваме пластични од таму, некако побезбедно ми изгледа во неа.
Каде да најдам дебели детски хулахопки за девојчиња 6-10г? Да има повеќе избор, различни бои, различни дебелини..
https://shop.3dhub.mk/ Имаат и филаменти. Ама дали работат уште и до колку не знам, малку дечкото слабо се јавува на телефон
Кажите кои се квалитетни мрсни и дрвени боици, убаво да пуштаат боја? Сè што купив, вклучувајќи и staedtler, катастрофа испадна, јас едвај стискам бојам, не па ли тодлер.
Зошто не фабер кастел, најдобар пигмент имаат од се што сум пробала. Овие се исто одлични мрсни бои, во дрвена обвивка, имаат и острилка внатре, мислам има и пакетче од 12. https://www.prosvetnodelo.com.mk/Product.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&IdProduct=4325