И мене ме интересира за вакво нешто. Не сум сигурна, @Skyler нели ти едно време пишуваше за вакво столче? Или нешто сум измешала.
Јес Најискористено нешто иако некогаш ми иде да го фрлам од тераса зашто го влече по плочки Му го земавме на 14-15месеци и се уште си го користи, само што не е баш со прифатлива цена, 7000ден е. Од тука.
Ако има некоја да ми препорача од каде има земено трамболина? За 3 годишно детенце е. И како движат цените отприлика?
Ваква слична имаме. Тука што гледавме низ Мк некако мрежата не ми беше сигурна, не беше затворена доле и може комотно да падне од неа. Барај некоја што е целосно затворена, да не се вади мрежата од доле зашто мојот пример бесно скока.
https://www.facebook.com/lotusmtoystore/photos/a.542136709217794/5674851505946263/?type=3 Како оваа мислиш затворена? Мене оваа ми излезе, цената океј ми се чини во споредба со другите, до 50кг била. Друго се' што изгуглав бааги поскапичко беше.
Па колку што гледам од сликата затворена ми личи. Кога скокаат се удираат од мрежата лево десно и ако не е затегната доле може да падне надвор од неа. Не знам дали убаво објаснив Да, доста скапи се.
Малку доцнам со земање на столчево, но морам да му го земам, а ќе се најде и за дада И трамболина ваква со заштита ќе треба, аман со скокањава
Јас му порачав од христи онлине бутик на фб многу убави се еве два месеци како ја носи јакната супер се погодија
Сте виделе вакви снегулки: Ама со поголеми димензии? Мои братучетки имаат вакви снегулки купени пред 20 години, со големина 7-8 цм. Во овој сет се со големина 3.3 цм, ризично ми е да и' давам на ќерка ми (16м), да не голтне некое. А многу се добри за играње, на гости ептен ги заигра.
Дали знаете каде има од оние пластичните масички што се како една целина со столчето? За детенце да си седне да црта, да си игра
Дали знаете каде се купува фигура од Лего Супер Марио? Имаме сетови се надополнуваат и ги бериме ама Супер Марио го немаме видено до сега, со звуци бил.
Пробувам да се сетам на една друга страна, babycenter или baby-нешто беше. Ми се избацуваа лего ствари