Рано е. Секоја година има во My store, Локо и некои интернет продавници, не ги знам кутрињата па не знам да ти кажам кои ги има, ама неколку ликови од нив само се вртат. Црвеното го има сигурно. Не се баш вау изработка, ама за едно носење ќе поминат. ХМ да провериш исто, не ми останало дека имало, ама не сум ги ни барала, имаат они штанд со маски преку цела година. Новите дали ги донеле не знам, види и на сајт што нудат. @Mother of 2boys
Mom's Ве молам кажете предлог за тротинет за 2,5 скоро годишно дете. Нешто basic пошто не баш возеше нешто од реквизитите како биткало, баланс точаче па ме планирам да фрлам пари многу. Уствари каков треба да биде тротинетот за таа возраст?
Оние што се со седење и стоење тие се помали мислам дека ќе ти завршат работа. Овие што се класика тротинет мојот доби на поклон голем му е и тежок е за возење од Енци менци му е. Додека баланс точачето ич ич не го сакаше ама затоа лани маста му ја извади цело лето.
Имам 4 тротинети дома, па да ти кажам кои ги бива.. кои не Оние со 2 тркала позади, а 1 напред никако... не се стабилни, возењето не оди добро. Со 2 напред, едно позади е најдобро за најмали дечиња. А после кога ќе порасне 1 со 1 тркало напред и назад. Моиве веќе големки се, па шибаат со овие 1 со 1. А додека беа мали, тие со 2 напред, 1 позади им беа најдобри. Гледај да е само квалитетен, стабилен, силиконски тркалца. Во Галакси за играчки има убави такви.. А за балансот давај шанса. На 2ипол малава и почна да му се интересира. Прво буквално одеше со него, не ни седеше на седиште... и за 2,3 месеци го усоврши, леташе. Па до кај 4год маста му ја извади. Нема кај не го носевме балансот... после на 4ипол 5 одма научи да вози точак без помошни (ради балансот). Исто и синчето на 5г научи брзо точак без помошни, а и он со баланс беше претходно од кај 2г до 4г.
Жити господ кажи како ја научи да врти тркала. Лани зборев објаснував се трудев не и не. Си викам до мене е проблемот изгледа... ги става нозете ама не знае како да запне, му ги вртев и нозете не бе се откажуваше и го земаше балансот дека го научи ептен.
Трчаше маж ми по неа 2,3 пати, па брзо некако сфати што да прави Се бутка како со балансот прво за да земе залет, па крева нозе и врти
се надевам и ние годинава ќе успееме ако не на ролерки и нека брчи од наредна зошто научна фантастика ќе биде ова за него
@Brpbrp Да пробаш со помошни, да ја качиш едната помошна на повисоко за тркалото да виси. Па да врти и вежба во место Ваљда ме сфаќаш како... Мојава и ролерки вози од 5г Пред некој ден скејт и земав, зошто препека одамна... Е тоа некако тешко оди, ама ќе видиме... упорна е
Абе ни трициклот не го врти ем седнат ем не го врти 3 и пол години е веќе. И на голем точак со помошни го седнав јас му ги вртев нозете. И на трицкилот го наместив да му се вртат нозете, џабе штуро во тоа главата
На трицикл и на моиве тешко им беше да вртат педали, незнам зошто Малечок е бе, ќе си научи до 5 ехееее
Од Пики. За тогаш скромни 1000ден, сега може се нешто повеќе. Моделот со бубамарата со седиште. Со тоа што седиштето веднаш го извадивме. Душа му извади на тротинетот. И на одмори и викенди секаде е со нас и уште служи после 4 години. Тркалата се гумени и цврсти. На толку трескање уште го вози.
Малечок е бре,не го форсирај детето.Си знам по големата,ехее на 5-6 почна да врти,а малава ми е знам генерација со твоето па не се ни трудам за тоа,ќе научи кога треба,сега само тротинетот го шиба од дада и.
Абе сака балансот да го вози а мал му е тоа е маката. Сака точак не знае да врти тротинет не сака среќа на поклон го доби. Освен ако има поголеми баланс точачиња негде? Ние го имаме од енци менци ама на највисоко ниво е колениците во волан му удираат
Син ми порасна во него. Да, стабилен е, плус можеш и ти да го држиш горе на рачката а може и детето само да вози. Мојов не падна ниеднаш од него, планирам и за ќерка ми да купам.