Мајки помош. Каде да најдам куќа за кукли? По можност на интернет да се види. За подарок ми е па ако најдам во Мк би било супер да не носам од страна. Фала однапред.
Ми текна да пребарам па ми излегоа доста. Само едно ме изненади многу.... цените многу поскапи од Германија Да ја купам од тука и да платам за да ја пратам до Македонија ќе ми излезе поефтино отколку од Македонија да купам .
Овде Швајцарија па е изгор. Чим така земи си од таму, ако не се исплати за од Мк да зимаш. Инаку, ако не тие проблем да ми пишеш лп во врска со цените како стојат шофериве за пракање работи надоле.
Од Здрави стапала не сум купувала, ама на малиот му имав купено barefoot чизмички и кондурчиња од КК и супер се погодија. Кога прооде, со патики надвор не сакаше да оди, ќе го спуштив на земја и стоеше во место и бараше назад да го земам, што не беше случај со овие. И сега надвор со овие трча и е постабилен, со патиките спортски не пробува да трча.
Мајки да не сте виделе негде маска Спајдермен, ама поквалитетна. Вака нешто како оваа од H&M барам.. Кај нив сегде проверив, нема за 4г.
Видов во Локо Кроко, но не знам кои броеви ги има и каков е квалитетот. Можеби ќе ти послужи како информација.
Се скапав купување такви смоки заради тие картички, ко некоја забегана ги проверував кесичките дали на допир ќе осетам картички Иначе не сум сретнала на друго место само картички.
Здраво. Мечево многу го сакаше ќерка ми, ама за жал го изгубивме. Поминаа неколку месеци, а она сеуште го бара, никако да го заборави. Дали некој од вас има исто вакво мече, би си го платила, само да го најдам. Купено е од џамбо пред околу 6 години, веќе го нема таму
Цените се ок, по 250ден земав долни тренерки и горна блузичка. Имаше и поскапи. Бојата и материјалот мислам дека се ок (после прво перење и носење) но имам замерка за ластикот,веднаш се растегна.