Малку надвор од тема, ама вакво јајце големо да не сте виделе во СК. Ама под големо мислам на 320 грамското, од 20гр и 100гр имаме, ова го запнал синот, со ваква фолиена обвивка..го виде од кај братучедите од Германија и сеа пека по исто. Во рамстор има ама друкше спакувани и не може да се убедиме дека е истото
Здраво, каде да најдам гумени чизми за на дожд за 8г девојче, односно 33-34 број? Да не бидат ептен детски оние пониски туку малку повисоки како за нас? Знам периодов може е специфичен, ама ако сте виделе некаде сигурно?
Незнам за какви точно мислиш, ама види овде може нешто ќе ти фати око. Има модели што одат до 34 https://www.obucametro.mk/gumena-cizma/detski
мајки, ќерчево (неполни 3 годинки) до сега и облекував само патики, сандали. имаме свечена пригода ќе носи фустанче. совет дали да и земам мекои балетанки/сандали или патики да и земам. Не знам дали би носела балетанки/сандали колку ли се згодни? мало ноџе има, 22ка. ако да дајте предлог од каде и какви. Сандали на ипанема - гумени има носено до сега.
Јас лани земав сандалчиња/чевличиња Geox од babycenter за таква пригода. Пред недела дена гледав и во Кеги Колев, лесно се виткаа и следно планирам од таму да земам.
Да провериш во ваикики/ синсеј? Имаат таму за некоја цена од 300-500 денари чевлички, свечени за фустан. За една вечер за слика нема да е којзнае каков проблем.
Ги има некој купено гумираните сандалки од Зара? Искуство да сподели. До лани им земав од ипанема па сакам да сменам малку.
Ваков тип на сандали? Да не се отворени кај прстите и да не се гумени ко за на плажа? К&к, кеги, ипамема, офис, зара, спортските сите, синсеј, окаиди, бебе центар, хм и ваикики се пребарани. Ме фаќа паника да и купам отворени кај прстите, толку е хиперактивна а од друга страна тромава мислам уште првата недела ќе повреди прсте или ќе се утепува/сопнува почесто. Првите ми се скапички па ги оставам како последен воз, ако не излезе нешто друго, а од вториве нема бројче за неа. А се поти во патичиња..посебно на жешки денови Може препорака и за летни топлинки за во градинка што полесни и поотворени подобро.