За летни топлинки јас го гледав овој модел https://k-k.mk/product/toplinki-kk-14 Има и со отворени прсти на страната ама се мислам дека и е рано за такви, ептен е пред неколку недели проодена. Се мислам дали и на Ипанема би биле подобра опција за градинка. За сандалки немам прочитано дали ти се за некоја прилика или постојано носење. Во мојов град во сите детски продавници за чевли има слични како на сликите демек турски, е сега немам многу видено колку се виткаат или каков квалитет се, ама релативно поевтини од Кеги пример.
Па не ми се купува било какви, уште е мала. И овие хм, зара и сл знаат да бидат тврди никакви а преслатки. Инаку секојдневни ми требаат.
Вториот модел на Фродо го има во Бејби центар и во Пеко. (во пеко се 2099, 00 на попуст) Јас и земав на мојата бидејќи летно време за во патика е топло. Лани гумените на ипанема ги уби од носење. сега плус појачање и овие на фродо, секако се и за дотерување
Ај уште еднаш да прашам, некој да не ги има земено или видено од Зара гумените сандали? Сакам да сменам наместо ипанема да и земам други некои.
Јас имам купено како овие во спојлер, ама не се носени сеуште. Имам и од ипанема, различен е материјалот, овие од Зара се некако "погумени". Иста тежина се, исто се виткаат. Ама дури кога ќе почне да ги носи ќе знам за сигурно какви се. Спојлер
Ајде совет мајки, сакам да купам патики од КК ама не знам како да одберам број. Пишува должина на влошка по цм. Како да го измерам за кој број е?
Кој број носи стандардно? Кај мене од КК има од проодувалките 19-20 и се таман. Исто од Цицибан топлинки -20ка, Адидас патики исто 20ка и чинат. За споредба ако е. Јас го имам мерачот што го нудат на страната. Ама во секој случај може да нацрташ на хартија стапалце и така да измериш.
Стави ја петицата на детето на 0 на метро или линијар. И види до која должина оди палецот. Ако ти е полесно може да се допре до детето до ѕид за да застане постабилно.
Јас му го цртам стапалото на хартија и после мерам. На таа должина додавам отприлика 1 цм и така го добивам бројот на обувката.
Дали знаете кај има ограда што се подтавува на обичен кревет да не може детето да се преврти? Сте виделе негде? Фала