Убаво ти пиша членката интеркативната масичка што ја добивме за прв роденден ни е најискористена играчка. За тротинет, баланс точаче е мало. Ние добивме и проодувалка ама многу слабо ја користевме. Било какви играчки што свират/светкаат за таа возраст се многу интересни. Можеш и патичиња за проодување од Кеги или друго место. Облека исто за дете секогаш треба.
Тоа што имам земано е од h&m, Sinsay во Рамстор и East Gate, Waikiki исто во Рамстор и East Gate, Манго.
Често менуваат гардероба, на недела две поминувам, стално различно нешто има. Не сте имале среќа да начекате повеќе.
Каде има вакви фиокари со мали димензии? По можност онлајн или барем по карго да праќаат. Во градов кај мене најдов само стандардни, големи со по 5-6 фиоки што се. Детскиот дезен би бил плус ама не е пресуден.
Како играчка бара да ја вози, се надевам ќе најдам, пошо имам земено од Веро Џамбо една кола заминавме, зедов и камион и тоа не беше баш евтино но имаше проблеми, се закопуваше. Фала сепак
Ние имаме, искрено акумулаторот од колата воопшто не држеше па си купивме нов, поголем од пластичарска и сега е топ
Уфф.. Не ја знам продавницата точно. Сопругот го купи. Кога одиш од центар накај пластичарска при крај од лева страна. Имало во повеќе продавници, различна цена истиот акумулатор, единечен. 1000 ден го земавме ние
Пишав и во друга тема ама ај да прашам и овде каде можам во Ск да најдам привезоци за клучеви,пенкала било какви тракатанци од фудбалери и клубови? Само да не е он лајн.