Местат сега роба за почеток на есен вајда следна недела ќе ја има привери на хм сјатот на македонски треба да има и точна цена
Нема дебели јакнички уште. Во четвртокот бев, прашував за друга ми рекоа дека сеуште не им се стигнати.
Дали некаде сте виделе пожарникари мали фигури,полицајци, ловџија со пушка пример, фармери и слични човечиња.
Не знаев во која тема да поставам......Предложете ми мајстор за изработка мебел по мерка за во детска соба?
Дали знаете кафе можам да најдам топлинки/чизми/патики со полицајско лого, дизајн? Ме пукна малиот, најдов нешто на нет од H&M, Skechers, ама од стари колекции се и ги нема веќе.
Мајки, ве молам за помош. Каде имаше онаква масичка за седење ама со дел за складирање имаше како правоаголници?
Некаде низ странициве една членка имаше постирано каде имаше на попуст од заштитните оградите за спална / кревет,ама не можам баш да најдам сега. Дали знае некоја,од каде сте нарачувале и како сте задоволни?
За внатре во градинка? Јас колку што знам ништо од надвор не смее да се внесува, мене и шишето ми го вратија, не го земаа.
Kares on the go имаат ранци со спајдермен. Ваикики во Рамстор провери дали имаат пиажми. Сет од чаша и чинија имам купено од Зегин, долго време ги имаа прашај може имаат сеуште. Постелнина за кревет/креветче исто така можеш, побарај во Стружанка, онлајн страна некоја прочепкај, во Стружанка мислам имаше и прекривка за на кревет.
Зависи до градинката. До сега само од Карес и едно од Грција на Alpin (не знам кај нас каде ги има и дали), не протекло по некое време. Офис, Литература и едно на поклон имаше не знам од каде, џабе, аха имаше и на Адидас, тоа пак во старт тече.. Синсеј во Рамстор има куп со Спајди, нема што не видов. Ранче мислам во Крш видов, папучи, чизми, капче исто има, во Ист ова.
Мајки, ајде ве молам за идеја. Можеби не е правата тема за прашањево, ама не знам каде Децата брзо растат, сега се вакви еднаш во овој момент, а за некое време ќе се подруги, сменети, пораснати. Сакам да направам нешто за децава, спомен кој ќе ни остане од сега како што се во овој период. Некако ме фати паника, дека не знам како да soak the moment што би се рекло, не знам како да си ги запомнам и доловам децата, освен со фотографии, ама не ми е доволно. Сликите ќе ги гледаме само на мемориска картичка (модернизам бе ) а ми треба нешто повеќе, нешто поприсутно, спомен кој ќе ме потсетува какви биле тогаш и тогаш, на таа конкретна возраст Што да им креирам или да нарачам? Уметничка слика? Везена слика на кружен венец? Гипсена фигура? Рачно изработени куклиња? Мислам дека последново ми се допаѓа, само не се сеќавам кој изработуваше, ако се сеќавате вие... Ми треба нешто физички што, кога ќе измине долго време и ќе пораснат, ќе ме потсетува на нив кога биле мали. А мислам, како што сум тргнала со сентименталност, сите наведени ќе ги нарачам.