Каде да најдам кутија или нешто за чуваее шнолки и ластичиња за малата. Хаос ми е на цела полица во плакар се расфрлени а ако ги ставам во обична кутија пак ќе треба да ја истурам цела да најдам тоа што ми треба. Ми треба нешто прегледни да ми бидат
Може некоја ваква кутија да ти брка работа? https://www.e-jumbo.gr/organosi-spi...uti-organizer-15-theseon-23x15x3.3cm_1392473/ Не знам дали ја има во Џамбо во Ск.
Да,јас по препорака од тука некои од членкиве го користеа,многу е убав ,мириса и по неколку дена а косата е мекичка.Од оваа козметика исто и лосионот заа тело и кремчето за лице ги имаме,се е убаво.
Мамички каде да најдам college jaket ама потенок низ Скопје а да не е 2000,свртев скоро се (Вајкики,Котон,Зара,H&M,Sinsay) и ништо не најдов.
Здраво мајки. Дали сте сретнале некаде чисто бела обична мајца број 86ка. Итно ми треба па ако може да ме упатите каде има да праќам некој да ја земе, не сум во мк за да барам јас
Не сум барала ама на страната на Тритекс гледам од 92ка дека има https://triteks.mk/produkt/детска-машка-маица-size-104-3701-001/ Може има и помали. Друго што ми паѓа на памет Стружанка и Кимико.
За колкаво дете ги користите? Мојата има 2 год се двоумев пошто во шампонот има и балсам, да не и ја мрси косата. Фала на споделеното искуство.
Има, јас нарачав. Го имав запишано негде бројот, ако го најдам ќе ти го пратам. Каков инхалатор имаш ти? Делот кај што стои лекот го праќаат цел за 350 ден. Побарај на гаранцијата од инхалатор треба да имаш број од контакт лице
Па мојата е 3 години ама го користев и кога имаше 2,5 .Да има балзам и ќе приметиш не е како класичните шампони ,не прави пена многу нешто ама не ја мрси,туку ја прави како свила,многу убаво се раасчешлува. Пробај го ќе видеш.Јас не го користам нон стоп,менувам козметика,па пак се враќам на нешто што сум користела ако ми било добро.