Ќе може и мене да ми го пратиш бројчето каде што си нарачала? Ние имаме microlife тој од еурофам, цело време им барам делови еве веќе неколку месеци немаат...
Прашувајте по малите приватни аптеки. Јас во бисер аптеката купував неколку пати систем (црево, канистер, маска). И онака од козле препорачуваат да се менува цел систем. Или контактирајте км марјан, тој е увозник за медицинска опрема може да има кај него.
Јас го корисам за малата, задоволна сум. Веќе 3то шишенце трошам. Убаво мириса и мека ја прави косата.
Кутија за храна каде сецкано јаболко, банана... би останале свежи некое време? Има ли некоја искуство? Дали ако е нерѓосувачки челик би ги држела подолго свежи или некоја друга финта?
Пробај попрскај ги со сок од лимон. Киселината е инхибитор на ензимот кој предизвикува оксидација, па нема да потемнуваат. И чувај ги во фрижидер најдолго што можеш.
Дали некој купил нешто од продавницата Panço Kids во трговскиот центар Џевахир? Дали квалитетот е добар?
Да, одличен памук има во панчо и многу убави модели. Не се споредува со синсеј пример. Иако е доста поскапо
Каде да најдам ѕидни детски ламби? Како оваа од orangekids, ама ги заследив и 10 дена чекам да ме заследат назад зошто инаку не може да комуницираме, скиснав чекајќи . И детска постелнина за единечен кревет 90x200 со тема полиција да не знаете каде може да се најде?
Било што со Дора? Dora the explorer. Топка, играчка, anything. Бев во Леон во Бисер, Галакси и Локо Кроко, ништо немаат.
Здраво, каде можам да најдам кондури , патики женски освен на скечерс ..21 22 број што светкаат ) видов во кеги немаат ..
Здраво. Дали сте виделе некаде плишана играчка мајмунче со лепенки на рацете? Во краен случај нека биде и без лепенки, само мајмунче да е
Каде има убави гумени чизми? Кеги не ми прават ќејф, обуча метро нема броеви. Лани и земав од х&м во грција, ама тука кај нас нема. Имав нарачано од georgekids, ама нешто со дефект беа и ми пишаа дека не се добри.