Може да ми пратиш слика. Јас имам дебела смс барам некоја како за сега. Најубаво да си земеш вреќа без ракави што е. Ем бебе покрино ем слободно во рачињата. Јас од три месеци ја користам пошто летно бебе беше.
Јас истото го имам порачано од интернет и сум многу задоволна Побарај ја Билјана Биле Новина на фб и разгледај не се секавам колку беше комплетот ама не гп платив скапо. Женаѕа беше многу пријатна и отворена за соработка.
Убаво е уште од одма да се научи во вреќа да спие. Син ми е роден во јули немаше потреба од вреќа,кога купивме за на зима не сакаше никако во неа и остана неискористена. Мислам дека си од Битола и во советувалиште ќе ти кажат со ракави никако,рацете секогаш да се слободни.
Мојата исто е летно бебе, па штом залади почнавме со вреќа. Супер ја прифати. Ќе видиме оваа година како ќе е..
Од која возраст почна да ја ставаш? Мојава е 4м и додека да пуштат парно решив да ја пикам во вреќа, но ноќва кога после цицање ја враќав во вреќичката се испорасони Следен пат ќе пробам со се вреќичка да цица.
Јас со се вреќа ја цицам. Живеам во куќа, сега внатре ни е поладно од надвор. Сабајле пуштив и греење малце за да ја преслечам.
Во Тила вреќичите со ракави се убави, ама не се многу дебели. Мислам немаат никакво полнење ако не се лажам. Има неколку останато подебели без ракави од лани. @Kitten јас секогаш го цицав со вреќичка. Ем бебе стоплено, ем немаше мрдање, цица и после назад во креветче.
Од кај 3-4 месеци баш вака беше почеток на октомври кога залади. Слаби шпикозни и ставав и боса цело време и во вреќа. Овај период само со вреќата, а кога кога беше зимата ја покривав и со кебенце над вреќата. Мојата беше на ад и кога ќе се разбудеше не ја вадев од вреќата туку И го давав шишето. Ако не презаспиеше ја земав со се вреќа и така ја нишав да презаспие.
Земи си зимска времево не е како за послаби јас имав дебела многу убава топла вреќа како ќебенце беше 3 месеци имаше кога почнавме да ја користиме
Девојки, малите ми имаат скоро 4 мес. Се мислам за зимава, дали да им земам скафандери или некое подебело ќебе, да ги завоткам и така да ги носам до некаде (пр лекар). Што е позгодно? И што и да ми препорачате, каде има убави скафандери или ќебиња дебели? Тнх
За од овде до онде доволно ти е ќебе, ама ако шетате попрактично ќе ти е со скафандер. Минатата зима дека беше блага и не толку загадено, ние ја поминавме на улица. Ќе пикнев дете во скафандер, во корпа и надвор. Он си спиеше, јас си шетав. Инаку лани имаше во Ваикики, ама сега не сум видела дека извадиле сеуште.