Со подебелки чорапки не и се точни? И нашиве се 17/18 од Кеги, со дебели чорапи и се океј... Што мало ноџенце има твојата
Со најдебели пробав огромни се..тек сега бебешките и се точни,некои уште големи. Мама носи 35 бр.беба на мене е. @kukla21 баш после ќе мерам ноџе...на кеги 12.5см огромни и се.
Значи на тебе е Јас па 40/41 носам хаха... или ке и порасне понатака или има ген на золва ми и баба и, золва ми носи 35ка, за патики и е така така за наоѓање, ама за штикли мака, некои 35ки штикли и се големи Инаку гледам на странава на Кеги најверојатно има и само 16ка, па после е 16/17. Или грешка сум? Зашто на 16ката на странава пишува дека должината и е 11.2. Овие може ке и се точни.
Лани имаше во една продавничка во Аеродром, се продаваа посебно панталони со прерамки 500 денари и палто 800 мислам беше. Јас само панталони зедов, т.е. сестра ми ја праќав да купи, ама за 500 денари се ептен супер. Многу мајки тогаш зедоа од таму, ама нема шанса да ми текне како се вика продавницата.
Мислам во Манела ги имаше овие комплети,свекрва ми имаше земено лани за малиов ама стварно се супер.Јакничката и онака си ја носи а панталоните се баш за на снег.
Манела ја знам, оваа мислам друга беше, ама не ми текнува, секако членката може да провери и таму. Мене ми одговараше што ги делеа посебно комплетите, бидејќи палто не ми беше потребно, само панталоните. А тие супер испаднаа, тогаш му зедов поголеми па се надевам и годинава ќе му се точни.
Леле мојава чапунки големи ќе има Имам бебешки кондурчиња 18ка, на неполни 5 месеци мали ѝ се! Барај низ детските бутичиња во Бисер. Кога барав пред некоја година во сите дуќанчиња имаа. Друг дуќан каде што имам видено такви пантолони како за скијање е Софиленд. Во план ми се и мене оваа година да земам.
15/16 се најмали. Ама на мојов батко и тие ми се големи Лани имаше во манела. Види ги ма фб, ама незнам уште дали извадиле оваа година
Нашиве мора да се исти И бебе мое носи 20ка @mal.ecka 17/18 од Кеги се отприлика 19/20ка бројче. Јас имам бели сандалки 15/16 не се нешто многу отворени, цирни ги на сајтот, ако ги сакаш ќе ти ги дадам, па нека проноси нешто дури најдеш посоодветно
Фала ти Емче ама мор јас на чизми ќе одам ти сандали во ноември... Фала ти од срце... Петок ќе се шета чаршијата Пп па ако не најдам Бт ќе се бара.Ќе се снајдам
Ми треба некоја средна табла за пишување со креди, да не е нешто скапа. Има ли во локо кроко, или да барам во џамбо?
Има во џамбо сигурно. Зелена за со креди и бела за со маркери. Ја би боела ѕид со табла боја. 2 врати дома ни се со стакло. Сакаме да ставиме заштита на стаклото да ако се скрши не се разлњта на сите страни.некој да знае каде има нешто такво? Фолија?