Има скоро во секоја продавница локална за детска/бебешка облека. Јас имам купено од Бисер од продавниците, има во Hello baby, мислам така се викаше продавницата.
Девојки пред некое време видов дека некоја купила навлака за транспортер +за доење мислам дека беше 11 во 1 едно ако не згрешам еве барам по интернет ама неможам да се сетам баш на која девојка и каде ја купила.. повеќе ми треба за доење ама ќе ја искористам и за други работи ако знаете за што зборам ве молам помош..мислам дека беше на тегет боја ако не се лажам
Да..ти благодарам многу плус сум згрешила 9во1 било им пишав за цената па чекам одговор.. @emkaemka дали си задоволна од навлаката 9 во 1 што од babymultipractic? Сакав да купам иста таква..
Каде да најдам убава вреќичка за спиење со ракави? синко сака да спие со раце у вис не можам убаво да го покријам навечер ...ако го покријам цел ќе крене раце и лицето ќе си го покрие, ваљда ќе ќаврши работа ваква вреќичка
ОК е ќебето, фино е изработено, јас го имам ставено на седиштето, можеш и во количка ОК ќе е, како ќебе и слично, но како марама што знам, дебелко е, ај за во зима ОК, ама мене не ми стои практично за таа намена, составот не ми е за тоа
преубава е, кога ја зема? многу ми се свиѓаат перниците. Јас во август барав и не ми се свиѓаа. @mamaJana јас мојата ја земав од Нук околу 3000мислам беше ама задоволна сум еве неколку пати ја перам супер е. Имаш и во Сити Мол во Чико исто околу 2500-3000 беа
Крај на јули ја земав,мојата е тиркизно со бело. Од лептокарија стружанка ја земав,имаа иста и во Влае.
Дали некоја од вас знае каде би можела да најдам вакво коритце и од прилика која цена се движи? Ми изгледа многу практично,па доколку некој го има ќе ве молам да сподели мислење за истото