Супер Мариз фала ти за овој совет, не сум размислувала на овој начин. Знам дека не треба да ѝ се кнап, треба да се комотни, но не сакам да се големи па да не може да оди во нив. Цело време тоа си мислам, ако се големи како ќе се движи Ми се чини претходно и ти се "жалеше" за мало ноже при барање на кондури, ама сега може сте пораснале може да ми кажеш во сантиметри колкаво е стапалцето на твоето девојче? Или воопшто не се водиш по сантиметри туку само по овој пример? По ова што кажуваш и ние сме изгледа за 20/21 И рече си земала, од каде? Кондурчиња, чизми или на патики мислеше?
Ајде утре ке и го измерам Инаку имам и 18/19 и тие и изгледаат точни, но ми објаснуваше ортопедов зашто не и се, никако не треба да се прстињата до напред зашто не знаеме какви се внатре кондурите, каков е горниот дел, а децава помали неможат да ни кажат дали се океј... Инаку мм и купи од Декатлон, Бугарија 20/21 чизмички, внатре со крзненце. Инаку мојава дека штотуку проодена, со се шантра, боса најубаво оди, а со секакви топлинки, патики, чизми шантра
Dobro be majki nema uste novogodisna gardaroba za pogolemki decinja ne bebinja niz Skopjevo ili jas neznam kaj da baram
Уф незнам за таму. Јас во капитол најчесто влагам и таму имаше. Ако прошетам ќе видам и ќе ти пуштам што има.
Ист совет ко на @mariz и ние добивме од ортопедот и плус вика не се мери напред туку кај глуждот да има луфта еден прст и по влошката ко што кажа Мариз...викаше баш затоа поголем дел од возрасните се со криви прсти дека напред стискаат дали има луфта што не е правилно...а кај дечињата па ги собираат прстињата и неможеш така никогаш да знаеш дека им се таман...Исто и Reebook имаат обележано до каде треба јас веќе по ова правило бирам патичиња,кондурчиња....
Штосни детски ранчиња за во градинка кај да побарам? Сигурно има на многу места, али у моментов не ми текнува
@saramila09 во бутик Манела имаш. Нас скафандерот ни е како панталончиња доле, не е затворен, се продаваат ли посебно такви кондурчиња?
Тритекс, локо кроко. Скоро сегде кај што има бебешка облека веќе има донесено и со новогодишни мотиви.