Во Елва има новогодишни комплетчиња и за момче и девојче, убави се, имаат као и знакче Мики/Мини ама нема врска
Види тука, прашај за цена, вака фино личи, слична како на Џој.. https://www.facebook.com/346933238738143/posts/1872153482882770/ Еве и со кош.. https://www.facebook.com/346933238738143/posts/1872152449549540/ Ај уште овој, цената ќе е прифатлива https://www.facebook.com/346933238738143/posts/1872146499550135/
Не можам да најдам вреќа за спиење за новороденче, памучна, без ракави, секаде има само големи броеви.. некој да знае каде има??
Бит пазар по тезгите кај што продаваат чевли, патики. И евентуално Мат стар да видиш, мада мислам и таму се над 1000ка. Исто и во аутлети да видиш, оној аутлет што е во Чаир имало избор највеќе за деца кога сум одела и аутлетот што е во Ситимол доле (од надвор што се влегува).
Во Мат стар, но зависи и колкаво бројче. Додека беше мала женскава моја чизмите беа по 700-800ден, а сега бројчињата над 26 веќе ме коштаат 1100-1300.
Девојки, кажете ми ве молам квалитетнии брендови на коцки за мали дечиња од година или година 1/2 нагоре, кои се барем малку поевтини од Лего Дупло (големите Лего) и во кои продавници ги има. Исто така би ми помогнале ако знаете бренд на коцки кои пасуваат на Лего Дупло (така речи чкарт Лего Дупло хахаха), како оние што ги има што пасуваат на Лего Класик (малите) и ако знаете, кажете ми во која продавница да барам. Ако некоја од вас сака да ми продаде Лего Дупло, прифаќам и на старо , пратете ми во ЛП слика и цена, па ако ми одговара ќе праиме биз. Фала ви
Oдлични за кога ќе биде поголем , баш прашав дали имаат компатибилни на Дупло, ќе видиме што ќе кажат. Дека постојат, тоа знам, но дали има кај нас не знам, до сега не сум нашла Едит: немаат
А коцките на Клементони? Таман се за сега, мојов тие ги има, ги имаш исто Еуроалба и се поевтини и во Крш за 200/300/500ден истите поскапи, кај првите и изборот е поголем, увозници се
Ги имаме големата кутија со 30 коцки и сетот со возот, а јас прво и мислев да докупувам уште од нив, ама сакав дупло зошто имаат прозорчиња, кровови, врати, позабавни ми се некако, а не дека Клеми се лоши, далеку од тоа, супер се, може на крај од нив ќе докупиме уште некој сет, дедо мраз ќе докупи де . Ќе ѕирнам баш кои сетови ги има во Еуроалба, фалаа
Каде да најдам чашка со меко клунче? За 5+ ми треба. Па нека е и 6+. Можно ли е да сака од тоа да пие? Ја приметувам низ игра, знае да ми ја фати мојата чаша и ја носи во уста како за пиење. Друго, какви лажички и од каде препорачувате за почеток? Тањирче? Тенџерче? Во што го спремате/вриете овошјето/зеленчукот/манџичките? Со дрвена лажица ли мешате? Помош мајки, сакам месецов да си купам све тоа што ќе ми треба од Јануари ќе направиме 5 месеци и ќе почнам со дохрана. На почеток може нема се да ми треба, ама сакам да си се спремам. Секој совет е добредојден.
Знам дека има со меко клунче на Авент (мене ми изгледа ептен добро) и на Мам, во аптеките на Еурофарм а веројатно и во другите. Имаме земено 4 до сега, една на Томи Тили таа е со тврдо и не ја сакаше, после земавме на Авент со меко и таа е ја сакаше, добивме гратис една на Хипп од Зегин и таа џабе, една на Мам исто поклон добивме, ниту таа не ја сакаше, се до сега, година и два месеци, пропи од таа на Томи типи. Се надевам повеќе среќа ќе имате од нас
Лажичка ќе гледаш да е помека, имаш избор многу, јас имам на babyono, canpol, tommy tipi. Тенџерче земав мало од металац и го користам само за бебе. Мешам со дрвена од навика. Тањирче исто имаш избор, така да имаш да бираш. Јас не користам клунче, земав прво со лажиче и давав вода, сеа од чаша за ракија и давам пошо цуцла нејки и супер ни оди.
Има убави чашки со меко клунче на МАМ, исто види и во ДМ на БејбиЛове, супер се. Лажички пластични има убави исто на Бејбилове, по 3 во пакет доста се тесни и погодни за мало усте. Чинии не користев во старт, ставав кашичка во голема стаклена широка шоља,многу позгодно за држење отколку чинија. Готвам во специјално тенџерче за него,со обична,дрвена или пластична мешалка...