Инаку за храната во обично ростфрајно тенџере од почеток и со обична лажица, до сега не сум се замарала, како за нас така и за него, а јаде со бебешки од Мадркер, убави лажички имаат таму. Тањирчиња на Томи типи и едни од тие од бамбус (не знам тие од каде се, поклон му се)
И мојава не сака цуцла, ама ми личи дека ќе сака од клунче, па ќе пробам. Ги гледав баш во ДМ на Бејбилова трите што се, ама викам дај прво да прашам. Некад ми е мака ако купам нешто, па после прочитам некој со лошо искуство. И јас ги меркам тие од бамбус, ги има во Електрометал(а сигурно и во Меркур), ги има и во ДМ ама таму се на парче.
Дај од обична чаша, мала ракиска чашка, моиве од 5-6 месеци пијат така, никогаш од шише со цуцла или клунче не фатија. За јадење, готвев и готвам во истите садови кои ги користам за нас, сервирам во истите кои ние ги користиме. Само за излегување знаев да спакувам храна (посува конзистенција) во пластичните чиниички на Томи Типи со капак, практични ми беа за тоа. А лажички, на БејбиЛав, дефинитивно, јас за малово ги имав тие што беа по пет во пакување, во разни бои. За големиот имав на Chicco и Томи Типи, ама за брзо почна да јаде со метални.
@TeddyGrey лажичиња Бејбилав од тие по три во пакување, најдобри ми се покажаа. Чашка со клунче силиконско јас од Зегин земав, не знам што марка е, ама одма ми ја прифати. Сега веќе преминавме на поголема со сламка, а пие и од обична чаша. По водата е мојава, не е битно од што, битно да се пие
Најверојатно нема да сака Имав на Томи типи, убава беше, но за мене, бебе пие вода од Јана шишенце, топ ми е, пие и фрлам, нема миење Лажички и јас би на Бејбилов, но од старт тие што се по 5 во пакување, потесни се, помеки, помали. Јас ги користам сега тие по 3 што се, најдобри се, а купив речиси од сите што ги видов и за џабе се изнададов пари. Тие по 3 што се се 89ден Тањирчиња од секаде, последно од Зегин зедов со буфчиња 110ден. Имаш ДМ, Еурофарм, Мадеркеар, Чико, Вицко комплетите, море и во Братство тањирчиња си јаде Ако варам на пареа варам во садовите тие што ги имам и за нас, но ако правам само за него манџичка, супа, пудинг, варам гриз, просо.. имам од Меркур оние малечки со дизни јунаци. За печење си има негово тавче, за пржење негово, нож за сечење, даска, маталка се само за него.. Епа да со силиконска маталка мешам. И тоа
Lazicki zeleno belite od Ikea, super se. A ima i set zo zaba mislam, ubav e i toj ama e za pogolemki.
Ти пишале и другиве. Тањирчиња и лажички секакви купив. Овие од дм ми се најпогодени. Ем се квалитетни, ем ич пари. Шише со клунче на нук дефинитивно најдобро се покажа. Не дека пиеше многу. Од чашка најубаво и оди. Пие и од малите шишенца јана. Такви и купувам. Пие што пие и утре ново шишенце.
@TeddyGrey само немој чаша со клунче baby love од дм. Не е добро. Ако можеш на нук земи му. Нема гајле. И на мам не е лошо,chicco е добро исто. Прашај ме мене сите шишиња ги свртев. Сега ми текна,омилено му беше томи типи, со клунче и обично се продава 2во1е љиљакова боја. Е со тоа и вода пропи. Од еурофарм го земав,мислам @Ano ми го препорача и не згрешив
Каде да најдам ракавици за бебенце што се стааат за да не се гребе по лицето..Конктретно ми требаат некои мрежести или со таков материјал во кои нема да му потат рачињата и нема да ги вади и да се греби.Или барем се надевам дека така нема да ги вади.. Фала
Исечи му ги ноктињата и нема да се гребе. Не е препорачливо да се ставаат ракавици на бебињата, мора рацете да им бидат слободни.
Има скоро во секоја продавница за бебешка облека: Тритекс, Памук Пале, Тила....ги има во комплети за новороденчиња. Но, мрежести не сум видела, побарај може ќе има некаде. Инаку, јас ниту еднаш не ставив ракавички, освен на излегување од болница. Сестрата му ги ставила на бебето бидејќи биле во комплетот.
Каде да купам зимски чизмички за снег што не пропуштаат? Во Јан ке одиме во Банско на зимовање, синко веќе оди, ке има точно 1 год.
Јас земав едни од кеги шус 1790 ден, ми ги посочи продавачката со сигурност дека се водоотпорни а малиов прошлапа у вир и ногата мокра. Така да за кеги не гарантирам веќе, и секако ќе ги одбегнувам. А уште кога им кажав дека ми пропуштија, не сакаше ни да чуе газдарицата за да ми ги смени. Се на се не би купила чизми од кеги. Ова се чизмите.
И јас имав од нив пред 2 години, добри беа. Можеби баш вашите се погодиле фелерични, но газдарицата наместо што се мрштела требала да ви ги смени за нови. Ама што друго да очекуваш во нашава државичка @mamaJana има цела тема за релаксатори, и јас таму прашував дали да земам со вибрации или лулашка на батерии па добив совет лулашка била подобра. Но за таа цена има мал избор на лулашки, мораш да разгледаш убаво. Ние и улетавме на една што беше на попуст од Бебе хоум, од 6000 на 4000.
Мајки, педијатарот ни спомна за некакви оградички на кои бебето ќе може да се исправа. Знаете какви се тие оградички? Каде да барам?
Претпоставувам мислел на оние игралните, сега најчесто 2 во 1 монтажно креветче и игрална. Ги има во сите продавници за бебешка опрема