Ах леле, баш го гледав каталогот пред да се вратиме од Бг и си реков- нема ништо интересно што ни треба, да не доаѓаме пак, а воопшто не ни приметив дека патикиве биле со сијалички А колку се евтини Фала ти Ано, ама јас појма неам што бројче треба да ѝ земам, мора да ја носам да проба, ногата нагло ѝ порасна.
Види во џамбо.И доле кај опрема за роденден и горе кај касите делот што е со шноли,стегачиња.Имаше јас гледав.
хелоу Играчка со супер вингсс? Значи зедов едни глуости од рамстор за 220 денари, кесичка со минијатурно играче ама глупост невидена е, а ме фати мали на препаст на каса....КАжете кај има од авионите, не сум прошетала.
Ај добро утро мамички. Едно питање. Има некоја од али експрес порачвано за бебуш ?? Дали се памучни и квалитетни?? Има интересни боди и сл ама не тоа ќе си земам да е памучно со сигурност од тука. Но за стегачи за коса, торбица за шишиња пелени, и фустанчиња доста интересни видов. Шо ми препорачате ? Сакав да порачам четки за шминка и некои раб за мене, па видов и за бебка. Фала..
Јас имам порачано едно боди и ранец за мене за пелени, шише и сл. Инаку Картерс имаат официјална продавница на Алиекспрес и поефтино ми доаѓа од кај нив да порачам отколку од тука. Сепак пред да порачам читам искуства од потрошувачи и гледам нивни слики од производите што ги купиле, па потоа купувам. До сега се немам зезнато.
Фала ти. Сега им ја разгледував страницата. И како порачуваш преку нив ??? И колку ти иди крајна сметка отприлика?? Оти гледам боди 990д на страницата, искрено скапичко е за едно боди. Поздравче, убав ден
Од Картерс сеуште немам порачано преку Алиекспрес, но порачав од крш два пара шпикозни со патент од Картерс и кога истите ги најдов на Алиекспрес му доаѓа 500 ден поефтино да ги порачам од таму, отколку да ги земам од тука. Боди имам едно порачано од Алиекспрес од рандом продавница, 3 евра мислам беше и нема проблем, убаво изгледа и убав е материјалот. А за ранецот немам зборови, презадоволна сум. Инаку плаќам со кредитна картичка и до сега сум немала проблем. Лесно оди плаќањето, пишуваш адреса и податоци од картичката.