Малецката што има рачки е 500 и нешто (дали беше 580 или се лажам), а големата што е само фигура е 1000.
Пред некој ден прв пат нарачав од Tiny Baby Shop шпихозни како пижамки да ги користам за малиот, задоволна сум, убав материјал.
Виолета пелени број 1 не можам никаде да најдам... Купил некој скоро?? Сакам и за бебушот со нив да почнам, најдобри ми се покажаа со синко.
Единица ни дадоа во Чаир кога се породив и затоа сум сигурна дека има, после дома некое време продолжив со БејбиЛав и ич не ми текнува од кое бројче пак се вратив на Виолета. Барав секаде во нашиов град, барав Ск во Рамстор и Веро, немаше. Ама ако 2ката е од 3кг тогаш и таа ќе ми одговара, синко 4кг се роди, претпоставувам и ова нема да е под 3,5кг.
Чорапчиња убавки за машко 16м со гумичка каде да барам? Ваикики немаше избор прошлата недела или пак немаа гума тие што ги видов...а синче проодува и се зализгува ако е со чорапче без гума
Вчера баш пишуваа во друга тема дека во стокомак има чорапчиња долу целите гумирани по 49 денари. Истите во дм се поскапи. Види може ќе начекаш Инаку има мислам и по локалниве дуќанчиња. Ќе проверам во бисер па ќе ти пишам.
Зошто ти се вакви бебешки патики за дечко твој? Инаку во Спорт вижн има/ше, во Молот и ако не се лажам до 18ка бројче беа. За дечко твој еве такви, кои би биле за трчање и се од кај ,,големите,, https://www.sportvision.mk/obuvki/8394001-nike-court-borough-mid-td
Не им е многу тврд ѓонот на овие ко за први обувки? Јас сè уште избегнувам патики со вакви ѓонови за синко. Посебно на првата обувка за проодување треба да се внимава да биде со мек и лесно свитлив ѓон.
Дали некаде сте виделе дајре, играчка, или така некое интересно за деца, внуката многу сака а не сум сретнала нигде
Викаш да не треба такви? Не е ,,многу,, тврд, лесни патики се, се витка патиката кога иде дете, не стојат крути..
Тешко е да се процени од слика, обично ваквите ѓонови се крути и тешко свитливи, ама не мора да значи. Првите обувки треба да бидат лесни, ѓонот треба да биде флексибилен а не тврд, само задниот дел кој ја држи петата треба да биде поцврст. За први обувки мода не се гледа. Најдобро е ако можете и да се консултирате со ортопед дали избраната обувка одговара. Јас преферирам патики со ваков ѓон: https://www.sportvision.mk/obuvki/8378627-fortarun-cf-k
Бебе мое има и од двата вида, па реално со овие како твоиве поубаво чекори и самите поубаво се превиткуваат. Ортопедот ми рече да може да ја превиткам патиката кога ќе ја фатим и такви да облакам.