Убави да не сте виделе маска пчелка за бебе 9м ? Сакам да ја.маскирам за први април во пчеличка.. Од каде купувате ваква облека?
За бебиња имам видено само во Бубу во беверли, целосни костими, по 1500 ден отприлика. Пчелките што ги имам видено се за 2+ години. Ние имаме една бубамара од пред 2 години, а таква маска беше и пчелката, се состои од сукњичка на ластик, крилца и венче со антени. Сукњичката може да се потфати со нешто за да ѝ биде таман на малата твоја, а мислам дека секоја година ги има овие маски по дуќаниве за играчки. Туку јас каде да најдам костим за 9 месечно Ана од Фроузен Големава ќе биде Елза
И јас го имам истото на чико мислам дека е најпрактично првите месеци, како си задоволна?Јас сеуште го немам испробано бебушка доаѓа Април.
Да не знае некој каде да најдам обична бела маичка со кратки ракави за дете од 3 години. Мора да најдам таква за во градинка за овој викенд, ќе имаат некој настан.
Имам мрежа за креветче, немам на што да ја закачам, се купува ли некаде тој обруч, штендер што и да е, и каде
Јас маска немам видено, ама ние за малоо имавме на поклон комплетче како пчелка. Имаше боди бело со пчелки на него, ѕиврички во риги жолто/црни и капче со истите риги и плус како две антени на капчето. Пред некое време исто такво видов во ПамукПале во Беверли и во еден бутик за деца кај Млечен (кај МИлениум млечниот ресторан карши).
Аха, па од приложеново првата некако е закачена за плафон, ваљда со кука, а вторава има како постоље прицврстено за креветчето. Значи зависи каква си купила. Како вториот вид имаш во Бебето на Битпазар и мрежи и постољето, исто и по пластичарска има во продавничките. Е сега дали се продаваат одделно не знам, ама види таму, мислам ќе најдеш. Инаку и на Али сигурно има да се порача, само ако имаш време да чекаш
Тексас јакничка за едногодишно момче? Гледав има во Зара па ако не најдам на друго место таа да ја земам
Извини не можам да ти пишам лп, да не случајно знаеш која цена се? Капитол ми е далеку да не се акам за џабе