Ano може ли да ми кажеш колку ги купи полиците од ЈУСК и ако не ти е тешко сликни да ги видам, ми требаат и мене
Комода ќе правам, да ми биде комплет со шкафот (вграден плакар) па димензии на висина на комода по мене ќе мерам, сите кои ги видов ниски ми беа посекако Јас уште се мислам дали подолга комода па таму тракатанците или полици над, а по се изгледа и двете ^^јас морам на високо да пресоблакам, опција не ми е никако на кревет си имам проблем со грбот и корито со постоље си зедов иако не ми е доволно високо ама ќе врши работа..
Наткасната е од енци менци и мене ми е ок. Повисока е од стандард наткасните. Беше со кадичка, ама не практично па ја префрлив на стандарден држа @emkaemka
Убаво си смислила Ги гледав и тие со кадичка ама јас планирам бебе во вц да се бања, туш кабината ми е ѕидана и голема па таман ќе го збере коритото и држачот. Комода јас вака нешто сум ја замислила, само подолга уште и делот што се испушта да може да се сврти и по должината, да не е статичен.. Полиците над вака нешто да дојде врз комодата..
@Melinda85 таква корпа има и во Џамбо со две кошнички околу 200 денари е ја имав земено за мајка ми,гледам на грчки каталог имало и со 3 такви кошнички тука немам видено таква.
Супер ти се идеите. мене малку ми беше шубе да бидат работите над него затоа странично ја поставив полицата.
Нема да има полица баш над бебе т.е главчето, кога ќе биде готова ќе сликам ќе видиш (инаку како што сум несмасна се со џумки ќе ми биде беба плус кога ќе потпорасне и почне да се дига, врти, станува, не ми стои и мене практично)
Како што ќе расте бебето понепрактично ќе ви е на комода, дека високо...Кај мене прво така беше, сега подлогата стои на фотеља и уште така го пресоблекувам...
Бебе хом е во Ситимол само мислам... таа карши Бисер мислам беше Kiddo, но не сум сигурна.. Едит: (и Kiddo била поддржана од Bebe home)
Карши бисер мислам бебе центар дека е, ама немаат избор како порано. Киддо е карши палма аеродром во новите згради Кидо и бебе хоме се на исти газда, односно на марија од ххл групата. Баш пред некој ден гледав некоја стара емисија каде беше гостинка и кажа
Ано , висината на наткасната ок ти е за пресоблекување. ? Јас ја ставив подлогата врз креветчето и врши работа. Ама во план ми е и наткасна( од енци беше твојата?)
Па да супер е. Само таму се пресоблекуваме. И со полицоте се ми е на дофат. До креветчето ми е поставена, неговите алиштенца ми се тука и нема растрчување.
Јас сум расфрлана по сите страни Доле креветче, горе креветче, пелени и алишта и се друго се ми е поделено ....