Не знам дали е баш за тука прашањево ама каде да најдам ќесенца или било што за замрзнување на млеко? Во сите аптеки што ми паднаа на памет прашав и не најдов. На али експрес гледам има, ама не знам колку е паметно да нарачувам од таму.
Во дм имаше едно време. Ако не најдеш мислам дека некои тука се снаоѓаат со стерилни чашки од аптека.
Имам јас дома речиси цело пакување кесички, ако сакаш ќе ти ги дадам. Од аптеката во Систина ги имам земено.
има ли кај нас ваква ролна самолеплива (лепак на база на вода е) да купам? од герм.е оваа, па ако сте виделе кај нас да ми кажете каде, доста практична ми се гледа
Има. Барај од оние што се runners модел. Јас на бебе мое такви купив. Барај ѓонот лесно да се витка. Мене така ортопед ми објасни. Се што лесно се витка е добро.
Досадна сум малку ,ама овде секогаш успевам да си решам "проблемот ". Ми треба нешто облека со мотив Ѕвончица ( една во зелен фустан што е ). Не сакам да штампам. Има некој видено некаде ? Или па некоја поголема кукла од неа ?