Здраво мамички јас повторно за обувчиња најдов чевличиња ама патичиња неможам да најдам малетки бројчиња дали има некој видено некаде стартки или други патичиња за женска од 2месеци?
Зависи што ноџе има, мојава имаше мн мало ноџе па и тие 0-6 и беа огромни, на 6,7м и беа точни 0-6 а обично така почнуваат 0-6.. Да видиш во Локо Кроко... Во Конверс имаше едно време бебешки такви малецки... да видиш и таму..
Сакав да му купам комлетче за изглегување од болница. Ама се што ми покажаа се со долги ракави. Не знам крај на Јули,почеток Август како ќе му биде по долги Кажете кај да барам убави комплетчиња и која бројка?
Окаиди, 50, 56ка. Скоро кога бев носеа нова колекција плус. Др место Анжи бутициве и имаш доста бутици низ Бисер. Јас големки бебчиња раѓав, па 56ка зимав, на синко и таа мала му беше, едвај му ја натегнаа (56цм роден и 4400гр). На малата 56 и беше мааалку широчко, но за недела дена таман, она 51 родена беше. Исто и Картерс има преубави работи, ама и посоленки цени
Барам да купам не за бебето, туку за мене Облека за доење дали има негде да се порача во МК? пример блузи, фустанчиња или маици за доење. Вака нешто:
Ако најдеш кај нас некаде пиши обавезно да знам.Овака гледајќи кај нас за жал ништо нема Во соседна Србија имаат нивен бренд Tibba.rs најди ги на фб,незнам дали имаат и кај нас нешто.
Здраво мајки Дали некоја овде не користи/избегава да користи влажни марамици и што е замената за истите?
Јас, не користам воопшто, замената е вода, освен со вода не бришам со ништо друго. Ако сме надвор топам крпче со вода и бришам газе.
Јас купувам влажни и пред бришење ги плакнам со вода, па тогаш бришам. Купував прво тие од дм како марамчиња за бришење што треба да се мократ, ама ми мали и ми треба 4-5 за едно бришење, па почнав влажните да ги одмивам пред бришење.
Кога беше бебе со топла вода памук,потоа видов дека има тото хартиени марамчиња и со нив,а сега под туш.