Мислам дека е многу пари за една глодалка или можеби не сум информорана доволно бидејки ја немам земено и тие од 50 или 100 денари вршат работа
Ако купуваш јас би ти препорачала малата. Полесна е за малите рачиња и нема дупче за да се полни со влага/вода и да мувлосува.
На страната на Фротирка. Праќаат по карго, и услуга и квалитет топ. Имаат неколку модели на единечни и дупли фротирки, различни бои.
Kade da najdam od ovie za nad krevetce.. plisani ama formi na mesecinki dzvezdi.. se so najdov se e mecki,kucinja, majmun...
Види во Џамбо. Тие што се во кутија што се продаваат по бебешки продавници почнуваат од бројче 17 што е големо за новороденче. Во Џамбо се баш малецки. @АнеАце не си неинформирана, многу пари се. А големата жирафа е околу 1000 ден Преживеавме и без неа.
Да ми помогнете за подарок за 2годишно девојче кое не живее во мкд, значи да може да си го земе во авион да не е огромно
Книга-сликовница од тие со сечење, боење, лепење стикери... Види во П.Дело секако ќе најдеш нешто. Дали англиски дали наше.
Јас лани купив во локално дуќанче што продава македонски производи. А оваа година купив во ваикики го продаваат како прекривка, малку подебелко од класична тетра пелена
Читам низ темава ,гледам ја спомнувате Карамел продавницата. Каде точно се наоѓа на Бит пазар и дали има фан пејџ на ФБ?