Ако не најдеш во ваикики, ако имаш некој од икеа да ти донесе. Одлично е и добро е што може да се пере во машина
Ајдеееее... Ако сакате да се пробаме? Да разгледаме па ќе видиме како ни иди. Јас гледав многу убај работи за ниски цени. Ако има за, да видиме како ќе дојди, пишете. Можи ќе ни дојди плус 1000д 1500 од чоек, зависи.
Последно преку ДХЛ платив поголема сума за ДДВ и царина , неголи што беше нарачката. Така да пробајте па споделете.
И јас исто, околу 50 фунти кошташе, а 90 платив, па дури и дома не ми ја донесоа, морав до Штип да одам. Низ нос ми излезе нарачката.
Сте виделе нешто вакво во Скопје? На алиекспрес е околу 1000 денари, ама да не не стаса на време или да не не стаса ич. Би платила и малку повеќе ако има од кај да најдам. Уште не ни знаеме дали ќе идеме на одмор, ама да си бидам спремна за бебето. Значи ми треба шаторче што се собира релативно мало (како торбичка) за да си има сенка на плажа. Ова на сликава е околу 1 метро, отприлика толкаво.
@Lavica2016 еве го тој на сликата https://www.aliexpress.com/item/-/32881423813.html @monik55 фала многу
Мајки кои живеете во странство, каде има исти маички, и за бебе и за мајка? Од која продавница да купам?
Сега ми излезе на ФБ па ми текна дека ти бараше. Направив принт скрин бидејќи не успеав да го копирам линкот, Кидс Ленд побарај ги, има разни модели.
Одлично изгледа, фала ти многу, ми рекоа дека има и слично во џамбо, ќе одам деновиве да проверам, ако не дефинитивно ова ќе го нарачам.
Мислам видов слично во Џамбо, а речиси цела програма на Интекс ја има во...да ме утепаш, не ми текнува на името на продавницата на ќошот кај полицијата на Бит пазар, а од пред некое време имаат и огромен дуќан во ТЦ Скопјанка во Аеродром.