Моето е Јануари родено, и земав вакво од Манела. Никако по дома со ова, јас го користев да испаднам со неа, во двор кога ми е во раце.. Дали 3 пати го облеков.
И на моето сестра ми му купи слично на поклон. Исто неискористено. Дома беше цел ден во раце,и онака е топло со греење,па нема потреба од такво,а и за надвор замотано во кебенце и транспортер. Јас не би купувала. Или ако веќе купуваш за од 6 мес нагоре, кога нема да седи под кебе за надвор.
Каде можам да најдам вакво нешто? Исто така и од оние играчките што се закачуваат на колички? Само да не е од продавницине во Сити мол, некако скапо ми изгледа...
Јас имам дигитален на Микролајф. 2300 мислам беше со 5год гаранција. Кога се работи за медицински апарат претпочитам докажана фирма која работи со тоа. А Микролајф се едни од нив.
Јас го имам сличен, но на самиот пише дека може да прави разлика од 0.5 степени што е пак многу. Јас го користам онака чисто да а проверам ако покаже повисоко го зимам живиниот.
Во аптека ги има? Инаку во право си ќе се залетам ќе го купам и пак исто како да немам бидејќи нема да му верувам дека е ок.
Да од Еурофарм е. Покажува точно, сум правела споредба. Го користат низ многу ординации. Мери и Т дома , вода, за се можеш да го користиш.
И јас го имам Микролајф. Последно кога имаше темп.синко споредував и со живин и имаше минимална разлика. И ќе ти сенајде и за мерење вода,млекце ,температура во соба...
Мајки кај има повеќе избор на гардероба од фирмата Miniworld? Бебе има неколку комплетчиња и баш е убав материјалот, пери носи се а и не мрднува ни бојата ни шарата.
Јас имав земено такви комплети од А&M collection, цените се ок, а и се доста услужливи, сите комплети посебно ми ги сликаа за да си одберам.
Верувај дека е така и на крај пак со живин ќе мериш,каков и да купиш. Имав живин,некако многу време ми треба да измери,купивме дигитален. Мери побрзо,ама кога споредив со живиниот има разлика,па не го користам. Кога ми качи тт последен пат,ноќе многу тешко можев да му измерам со живин,се буди и кенка,и решив да купам безконтактен како најдобра опција,дека и во Систина таков користат. Кога е буден и мрда,не седи мирен,колку пати и да му измерам,едно по друго,се различна тт ми покажува,а ноќе кога спие и не мрда ми покажива убаво. Го споредував и со живиниот,точно ми покажува,ама само ако не мрда при мерење. Затоа го користам само кога спие,преку ден најмногу му верувам на живиниот. @eli25 @duffi на кое место мерите? Кај слепоочница како што мерат по приватниве ординации или на средина на чело како што е прикажано? Различно покажува на слепоочница и на чело.
Јас мерам од слепоочница накај средина, го движам топломерот. Така и на лекар им мереле. Секогаш е скроз точно, може ептен некоја 0.2 разлика да има ама и со живин да мерам 2 пати, ке има таква разлика. Јас имам Микролајф, како најдобар е покажан до сега.