Дали знаете каде може да ми направат торта од пелени, ама јас да им ги дадам пелените? Имам паковање пелени за новородени, па да го искористам.
Добри онлајн продавници ама стварно добри кај што се продава дебели тренерчиња, џемперчиња, јакнички а не со тенок матерјал...некои од кои сте нарачале во скоро време и стварно сте задоволни...истотака и играчки светљуцави и звучни...фала ви најмногу!
На цветен пазар ми правеле мене. Ама ќе ти требаат и мечиња, купки и такви тракатанци ако сакаш да е побогата.
@EvieBabe те читав во некоја тема дека имаше нарачано бодиња од tiny baby shop Сакам и јас да нарачам ама незнам која величина ќе одговара, син е 4та недела и е слабичок а долг. Они ми пишаа 0-3 дека е 56/62 ама дома имам 5 различни големини бодиња со оваа бројка. Како си ти задоволна, која величина ја нарача? И една молба ако се и твоите 0-3 ако имаш услови да ми измериш колкаво е реално бодито во должина и ширина кај стомачето.
Извинете што се мешам, ама дз споделам мое искуство бидејќи по 4ти пат нарачав од бодињата. Предобри се, перење на 60 степени па во сушара, и не се чепнати. Дебелки се, не се како тритекс или џамбо бодињата. Се на се презадоволна, па и ептен ми е погодено што во пакување има 7, повеќе не ни ти се потребни од една величина. За бројките точни се, ама штом бебе е долго јас би ти рекла да земеш бројче 3-6м..
На cozy Тука ја фалеа и таа на Топер. Радосница е книга за бебињата од нивното раѓање до првата година. Во неа се запишува се за малото од неговото раѓање, бањање, кашички, прошетки...
Ајјј мора да си земеш. Во просветно дело има,море во секоја книжара. Али таков спомен ке ни бидат за мерак. Јас си пишувам.