Онлајн продажба на скафандери, јакнички и вреќички за спиење(со ракави) по нормални цени? За бебе од три-шест месеца
Сакаат ли да се нишкаат вашите малечки на овие или џабе уште еден тракатанец дома. Ете нишалката во двор така седи, нема жива сила што ќе ја седне во неа.
Јас земав рачна од томи типе и највеќе работа ми заврши, подобро е рачна од електрична, околу 1000и нешто беше плус кутија за стерилизирање з во микро ти даваат и влошки за гради и шипенце со цуцла
Ја следам странава ама ме изнервира скафандерите од 900 го качи на 1100 видео дека одат. Башка истите на друга страна се 750ден.
Точно, препознав модели скроз исти на скафандери што ги има во моја локална продавница за 750-800 ден. а овде истиве 1100 плус ќе ти фркне цена за достава... абе ај... иначе, има интересни работи...
@Emma2 стандард, ќе видат потрошувачка и удри.Ако ги има за таа цена барем достава да не плаќате, ок се со квалитетот, реално не се 'износуваат' скафандерите.
Мене само зимово ми треба скафандер,следното зимо веќе ќе одат,секако нема да се носи,поготово нели таков доле со стапалки што е... добивме дебели зимски јакни ко монтки на поклон пред некој ден,така да се мислам дали уопште вреди 2000ки да фрлам за скафандери.. а јакниве ги зеле за 18-24 месеци,така да и следната година би се носеле... шо знам... плус и едни онакви ко мече исцело што се,и такви добија на поклон, тие се исто доста дебели... што знам што да правам...
Не ти треба тогаш. И јас на мојата само јакнички и зедов.Во количка не би седела со скафандер мојата, а за два три пати да а мавнам во снег не ми се зима
Ова ми излезе како реклама и баш сакав да го споделам дека доста бараат вакви. Од искуство немам пробано ниту сум ја видела во живо
@Emma2, @ocicka2014 https://www.facebook.com/babyco.mk/ Јас од овде сакам да купам вреќичка. Скафандери гледав СКОПЈАНКА во порта Влае. Имаат фб Едит : Некој бараше држач за цуцли, еве во Скопјанка има, сигурно е со пристапна цена