25-26 степени за спиење е премногу. Немојте... до 18 степени е идеално за спиење. Ќе ви шрмкаат, ќе им тече нос, ќе кашлаат од сувиот воздух. Преку ден до кај 22-23 нека биде, навечер еве до кај 20 степени. 25-26 степени е температура за бањање, да оставите бебе голо, не со вреќа да го завиткувате. Бебињата многу лесно се прегреваат и може да има несакани последици тоа. Полесно поднесуваат ладно.
Здраво девојки. Знаете ли каде можам да најдам низ Скопје закачалки за облека за бебенце кои би се ставиле во плакар?
Пробав јас и на 18, ама мама зимурлива, па си загревам. Ама ќе си вадам вечерва дебели пижами за мене тогаш
Каде да најдам најмеко шалче за бебенце од 2 месеци,да е плиш или како крзно, и да вршат достава онлајн
Знам дека е многу, секако дека цела вечер не е таа температура како прво јас не би заспала. Ама малиот ми заспива кај 19ч а огнот гори до кај 22ч. отворам врати да се распореди топлината, ама пак неможиш ко со клима да регулираш. После е таман за спиење, ама не го пресоблекувам, па затоа се водам по првичната темп па ко ке залади додавам ќебенце.
Кај мене во салон е 23, а во спална 20 степени. Грееме со клима сеуште, и навечер ја намалувам па е обично околу 18. Малата ми е во боди по долги и шпикозни само, без чорапи и и без капа. Ја покривам со мое ќебе и тенко јорганче, така ми е нсјлесно пошто е до мене и ја пазам. Ок е за сега мислам Вреќа не сум активирала уште, ке ги надрасне веќе
Нема толку мали чевли. Почнуваат од број 19 најчесто, евентуално 18ка, за после проодување. Пупиња ставај му, ако веќе мора, вакви Има по продавнициве за бебешка облека, во Џамбо исто.