многу ми се свиѓа ама според детево на сликава ниска ми се чини. Барем со лактите сакам да може да се потпре. Не да се наведнува за да си игра
Јас мислам дека е направена вака за понатаму да може да си игра и со столче седнато, да црта и штрака.
@AlicaInWonderland и јас барам нешто слично,ама за квалитетот и дебелина на пластика мора да се види.Мене ми се допадна ова од Лотус М,па се мислам дали да го земам
Еј супер. Ми се свиѓа и мене ептен ова. Плус со топкиве ќе има клекни-стани вежба тоа и го прави цело време. Само бутка нешто за да клекне да го земе и го бута пак. Најверојатно изборот ќе падне на ова. Штом фри вели и тоа на чико не е многу стабилно...тогаш такви ќе да се сите
Која продавница за детска облека има опција гифт картичка. Знаете да платам и да ми дадат картичка од одредена сума, па јас таа да ја поклонам.
За Окаиди и Зара знам дека имаат за други не знам. Уствари има Гифт карт Ситимол и можеш да пазариш од било која продавница што е во склоп на молот, само не можеш од маркетот, киоскот, аптеката, кината и кафичите, така да тука ти влагаат сите детски бутици од таму. Најмала вредност на Гифт кардот мислам беше 500ден, кусур не враќаат, но може да се доплати..
Е арно ме поттсети за гифт картата од молот. Еднаш нас ни дадоа таква за поклон. Само не знам каде да се обратам за да ми извадат. Таа што ја имав знам отварав на страната на комерцијална да видам листа на продавници, зошто не можеше во сите. Да не знаеш каде се вади?
Каде да купам вреќичка за спиење по некоја понормална цена и дали е подобро со ракави и ногавици или без ракави долу како вреќа?
Зависи како ви е температурата дома. Ние сме со парно и топло е. Малиот не трпи никакво покривање. Па затоа спие со многу тенка вреќичка ко памучно ќебенце без ракави, а долу ја распарав и направив дупки за нозете да може да се движи, затоа што ноќе си шета по куќа.