Ух со пелените ја даваат ама мислам накај 200 дека е. 8 дена трае негде Алка против комарци Не сум дома, ќе ти ја сликнам попладне ако сакаш
Алката е 200-300ден и трае еден месец ама не е за бебиња под 30м. Така да ќе си ја носите или вие заедно со привезокот бебе или на количка, креветче, ташна закачени. Јас така и годинава ќе си ги носам а богами и следната година. Нас многу не штитеше, лани татково што никогаш не го касаат комарци го изедоа нас двајца не. Раат работа.
Ги има два вида, за бебиња над 6 месеци и за деца над 30месеци и трудници. Околу 10 дена и е дејството.
Софи жирафата големата да не ја купувал некој скоро? Од каде и колку пари ме интересира? Кога ја купувавме малата големата беше 980ден. сега гледам на Зегин страната е 1250 ден.
Мамички сакам да прашам. Дали некој знае каде има памучни кебенца за бебуш? Каде што гледав се се комбинација памук со акрил или оние полиестерските
Vo edna prodavnica vo Beverli trgovskiot PAMUK PALE se vika prodavnicata , tamu gi gledav ama neznam kolku pari se ne prasav.
Јас имам две од Ваикики, многу се убави ги утепавме од користење. Исто имам едно од локален дуќан од типот на Стружанка. Исто во Венице може да имаат. Во Бисер има едно продавниче (од страната на катната гаража е) се вика Хелоу бејби. Многу интересни работи има за малечки бебулиња. Има и кебенца.
@Kitten @An-na благодарам што ме потсетивте. Никогаш не ми текнува на стружанка и локалниве дуќанчиња. А сигурно подобри има од извиканиве дуќани. Таман сите ги имам во бисеров ќе проверам тука.
Штом си од Аеродром ѕирни го и дуќанчево што ти го пишав. Многу убави работи има. Не знам какви се со квалитет, ама интересни дизајни имаат.