Ова по изглед изгледа е од Бебитоф, во Анжи ги носат, или бар саму таму знам да ги има, околу 1.000-1.500ден им се движи цената, имаш и без ќебенце, убав памук, квалитетен. Како подлоги за во количка барај инаку. А Анжи само карши пазарчето во Буњаковец знам да има и друго подоле од него накај Центар, на истата страна.
Каде да најдам вакво палтенце не мора иста боја со понормална цена? Инаку најдов за истава цена тро делен комплет, но немаше бројче за нас.
Од каде купувате постелнини и нешто потенко како прекривка сакам да си имам, моето ќе биде летно бебенце не сакам во ќебиња да го мотам. Во беби шоповите гледав постелнини ама беа премногу скапи, а тенки прекривки не видов убави, со некој лош квалитет беа, сакам меки да се.
И јас имам некои помеки прекривки, прво и јас ги мислев тетра пелени, ама членка овде ми кажа дека се фланел прекривки. Ги имав заборавено, фала ти.
Во мојот град нема Ваикики.. Некоја онлајн страница дали знаеш? Да порачам да си имам колку за почеток, потоа ќе најдам некаде.