Што е разликата меѓу Kegi shoes и Kegi Kolev KK?? Ги гледав, имаат слични моделчиња и цени, а различни фирми? И која ми ја препорачувате? Тенкс
@Feodora Ај да ми кажете дали го перете во машина за садови? На него читав сега пишува дека као може да се пере, ама се препорачува рачно поради можно вадење на бојата.
Секоја ден се перат во машина, до сега нема ништо излитено, само како што наведовме. После јадење со вода одмивај, материјалот впива од помрсна и обоена храна.
Сакам да купам за бебе од Mothercare. Но откако ги затворија моловите барав на интернет неможам да најдам инфо дали и како да се купи од нив. Имате ли информација како да ги исконтактирам и дали е возможно од кај нив да се купи преку интернет со достава до дома?
Дали знаете каде можам да најдам душек за детски кревет, ама ми треба димензија нешто 80*150 цм да е . Да не е бебешки, а ни па стандард димензија за единечен кревет. Нешто измеѓу.
Во бебе хоум во Аеродром јас купив таква некоја нестандардна големина. Не ми одговараше идеално на креветчето зошто е старо дрвено (моето од пред 30 години), ама многу подобро беше од тоа 120х60 како што се повеќето стандардни душеци за креветчињата сега што се продаваат.
Во симпо и лично бев, и два пати ѕвонев на телефон, и број им остаив да ми кажат дали ќе може да ми направат одредена големина на душек, и никој не знаеше да ми одговори. Затоа на крај купив душек каков што можев да најдам иако не беше точната големина што ми требаше. Многу ги фалат за квалитетот, ама јас еве не сум задоволна од услужливоста.
Проверете Алмак. Имаме купено два душека за спална и душекот за во креветчето на малата. Презадоволни сме. *И перниците ни се сите од таму..
Здраво. Андреј компани имаат ли продавница во Скопје? Во кои други продавници можам да најдам коли со акумулатор?
За сите што барате бебешки постелнини, ѕирнете на фејсбук на Charli Baby Tetovo имаат попуст, 8 дела постелнина со оградици,чаршавче на ластик,јорганче и перничиња. Сето тоа им е 1390 денари. Порачав вчера 2 и еве денес ми стигнале. Преубави се, подоцна ќе ставам слика во темата каде што постираме што последно купивме. Еве ги сликите од нивниот профил, овие две ги нарачав.
Таков е како свилен , јас земав креветче од таму постелнината дојде гратис. И мене чаршавот не ми се свиѓа , планирам друг да купам тој да не го употребувам.