Јас имам ставено 2 една преку друга на прозорот до малава, и плус чаршавче закачував. Ништо не штитат ако за тоа сакаш да купиш, ако ти е за декорација само ќе има детето нешто да гледа. Моите се обични црни, од локална продавница за автоделови ги земав.
Од Џамбо земав. Има со детски мотиви. Ти пишале членки погоре дека не штитат, и стварно е така. Нас ни се интересни да ги гледа додека се вози, ама и јас ставам уште нешто, зошто ептен пак му смета сонце.
Значи да си ставиме фолии,да ги затемниме стаклата најдобро ќе биде. За заштита од сонце ми треба, некогаш директно во него мава и му смета, ставав тетра ама смета за прегледност за возење. Сега мм купи една ролетна обична црна,пак пробиваат зраци,мислев тие шарените подобри дека се. ама ништо
Дозволено е законски, ние лани ставивме фолии на задните стакла само. Мора по закон да се атестирани и внесени во сообраќајната дозвола.
Нема друг маслен раствор. Мене ми понудија Пливит, тоа и почнав да користам. Само треба да се запази дозирањето во однос на IU.
Не се произведуваат или нема увоз? И за биогаја велеа не се произведува а во Бугарија се продаваа редовно, од таму му носеа на синко. Затворени се границите, едвај чекам да ги побараме во Србија, па и Бугарија. Синко два пати ми ги поврати на Пливит.
Не баш кратко, 3 4 месеци сигурно, за повеќе не знам, продолжив од Бугарија да ги купувам, поевтини се. Сега кај нас мислам дека продаваат биогаја произведена во Србија. Ме кочат границите ептен, не знам дали ги има во Србија. Кај нас велат дека не се произведуваат, а не дека нема увоз. Тоа сакам да кажам, не е дека не ги произведуваат, не ги увезуваат изгледа, како за биогајата што беше. Како и многу други лекови, за жал.