На работа ми е маилот. Ќе видам како беше, ако не заборавам. Не се криви ни добавувачите. Имаат проблеми со обнова на лиценци, франшизи, што ли не. И после застој во увозот.
Тритекс. Венис. Хелоу бејби. Од таму сум порачувала јас, а имаш и куп други продавнички што вршат достава.
Само затемнување, нас ни е и напред и назад затемната. Тоа баш правевме со маж ми муабет пред малку, дека е нешто најпаметно.
Мајки каде можам да купам/нарачам еднобојни панделки (стегачи) за бебе? Имам дома доста бои ама од на Амазон се, тука не прават достава, сакам да и докупам, пошо за секоја комбинација имам и панделка.
Здраво. Ми треба за подарок заштитник за креветче(ако се вика така) тоа од материјал што се врзува за креветчето, каде можамда најдам? И како се движат цените
Што мислите за ова, дали некоја имала вакво за бебето и случајно во Мк дали сте го виделе? За во спална до нас го мислев, доколку одговара на висина со нашиот кревет.
Ми изгледа многу мало. Подобра опција е ова Мила што го постирала,доста пофалени се, но види димензии и тие не се нешто многу големи. @Yowannty мислам дека користи вакво креветче.
Да, точно е дека се мали. До кај 6 месеци максимум може да се користи, и тоа зависи од бебето, колку е големо. Ама ако има пари ке и се најде за почеток. Чико е многу скапо, 15000 одприлика, а има други брендови за 7000.
@Alishan30 јас го имав ова што го постира МилаСс. До 6 месеци го користевме, потоа веќе му беше мало. иако се користи кратко јас го препорачувам. Бебе беше до мене цело време, а сепак на спалната си имавме комоција. И плус што е супер од безбедносни причини за бебе. Во споредба со спиење на спална до мајката. Сепак зависи и ти како се замислуваш и како сакаш бебе да спие. Дали сакаш до тебе ичи сакаш во креветче посебно да го учиш јас ако го немав ова сигурно по цел ноќ ќе седев до негово креветче и затоа би го купила ова уште 5 пати Инаку јас го имав тоа на чико, next by me така некако беше. И се прилагодува на 5 висини. А пд едната страна е мрежа. Јас го прилагодив ма висина на спална и ја спуштив едната страна и бебе беше до мене
^^До кај 6-7000 денари мислев. Креветче во детска би имала, пак.но на почеток не би спиело бебето посебно.а мал е креветот за сите тројца да сме на него. Но до кај првите 6 месеци, зависи и од тежина на бебето.ако ме ќе го бркаме таткото да спие посебно Фала за идејата, баш ќе ги разгледам понудите по страниве.
Баш убаво искуство, фала Ќе ги побарам во чико. До мене не замислувам да спие, зошто ќе го згмечам, од тоа се плашам или ќе седам цело време будна
https://lococroco.com/креветче-kikka-boo-bonne-nuit-2 Еве две опции https://lococroco.com/креветче-kikka-boo-mamme Обавезно види ги на лице место, да имаш претстава какви се.
@Alishan30 Јас користев од почеток такво малечко креветче, само моето беше дрвено. Многу е практично посебно за новороденче. Ние го користевме 7 месеци, оти не фати карантинот и се се затвори па немавме од каде да купиме ново. Иначе до 6 месеци се прилагодени, без разлика колку е тешко бебето. Потоа станува тесно и кратко. Моето имаше тркалца, но не се спушташе оградата, баш креветче во помала верзија. Кога земавме ново и поголемо, немавме никаков проблем со прилагодување. И јас ги препорачувам малите креветчиња за првите месеци.
@Alishan30 И јас го користев chicco next to me до кај 6ипол-7 месеци. Мислам го имам фалено и претходно. Супер е. Бебе е ем до тебе, ем во свое креветче. Мене ми се покажа ептен практично. Го препорачувам.