Јас не користам комплет постелнини. Чаршав со ластик од бебесупермаркет имам, 500 денари еден, ама прочитав ноз темава дека и поевтини има. Оградица од Тила купив, 1000 денари за сите четири страни. Две ти се доволни. Спие во вреќичка, зимски и летни имам од бејби.ко. Во секој маркет има. Веро, џамбо, рамстор, тинекс.
А готово,нема гајле од тушот. Дури сака да го држи ,да го јаде Од машнички за деца порачав,околу 3000 фати
Каде да најдам убаво столче за дете? Прашувам за онакво мало за мала масичка. И дали некаде сте виделе убави шарени чашки за деца, стаклени или убава пластика? Јас имам оградици од ваикики купено, а имаат и постелнини. Само оградиците околку 700-800 денари. Вреќичка мене ми се покажа попрактична затоа што нема откривање. Со кебенце е цело време он откри, јас покри.
Од два месеци синко почна да се движи низ креветче. До тогаш го покривав со пелена и беше супер. Откако почна да се врти ден два спиеше откриен и почнав со вреќички. Вака знам дека е покриен и може да се врти како сака. Не го мислам дали на раце и рамена му е ладно, дали спие откриен. За летово си порачав со ракави да ми сошијат затоа што спиеме со клима и супер се. Цена пристојна, квалитет топ. И зимските се супер, две имам и којзнае колку пати се перени и сушени во сушара.
Во базаро имаш и столче и чаша. Столчиња има и мат и сјајна пластика, со и без рачки за потпирање од страна.
https://www.facebook.com/kvalitetna.obleka/ Дали имате нарачувано од странава? Викаат дека се H&M облеките, но сакав да потврдам ако некој има искуство..
Грејач за шишиња, каде има да се купи? Гледав во Сетек на Авент, но околу 3000 денари е. Има ли некаде поевтин? Во Грција во Џамбо имало за 10 евра, но сега затворена границата мора од тука да се земе.
Дали некоја нарачувала од www.zazu.mk страната онлајн. Бендисав неколку работи, ставив во кошничка но чекам искуства, дали сте задоволни ако сте нарачувале?