Дали знаете која цена се постелнините со оградици и јорганче во Стружанка и како сте задоволни? Исто така ме интересира како се со цени за шпикозните и кое бројче би било соодветно за првиот месец, бидејќи слушнав дека им се поголемки броевите од стандардно?
Тешко, бебе има 6 месеци ама мало ноџе и тешко и наоѓам. Мислам дека е и ептен малтретирање толку мало бебе со балетанчиња, убаво изгледа ама..
Чадорче гледав во бебесупермаркет, 1000ден беше универзално. Вртелешка убава а евтина имаш во пики бебе.
Не се скапи шпикозните, држат роба на Силви стајл ,Тритекс ,едни српски Реди. Бројче земи си 56 и 62. 50ки имав 3,4 комплетчиња само. @Филотеа во Локо кроко има чадорче и вртелешки
Купив едни тогаш ама џабе. Бебе па се роди во 8 ми месец па и цела гардероба и е голема, а балетанките мислам на пролет ќе и се таман
Дали случајно знаете дали цените во carters се исти ко на нивната страна? Гледам има некои попусти ама незнам дали важат и кај нас да не одам џабе ако нема?
Во која продавница можам да најдам вакво мало базенче кругче и ако знаете цена пишете. Во џамбо дали има? Не сакам да порачувам онлајн.
Нашиов картерс?! Пази боже. Имаат едни боденца од 2017 и сега викендов прашувам за цена, истата!! Колку да се добри од 2017 бар на 50% да се. Јас зедов од хубо пред 10 дена.