Здраво, нарачав на чико шпикозни, меѓутоа 56ките ми изгледаат големки за новороденче, па да ве прашам за почеток (првите месец дена) каде да најдам или нарачам шпикозни и боди каде се реални бројките? Благодарам.
Каде да најдам како налепници(нз како се викаат) за да не ги отвара фиоките беби? И за маса исто за шпицовите? И каде би можела да најдам некои играчки што би се лепеле? Зошто дури седи во хранилка му подавам играчки, додека готвам, но ги фрла? Фала однапред
Во дм имаш за фиоки и за ќошови. Јас фиоки лепам со фластер кој не остава траги. Играчи не знам, синко фрла јас му давам и така му е интересно. Спремам куп играчи и му давам една по една.
Јас налепници или заштитници, земав од џамбо ама катастрофа се,не лепи лепакот се вадат. Во Бриколаж има едно како гумено за ќошеви си го сечеш како ти одговара,во план ми е да одам да земам
Дали има некој нарачувано постелнина и оградици од Трифантино да сподели какви се, дали е убав памукот? Гледам по нарачка прават и имаат доста избор на дезени да си ги искомбинираш по желба.
Јас имам од нив ама само плетенки две. Вака фини се и меки и можат у машина да се перат (ги собира). Задоволна сум јас а и за брзо ми ги направи