Здраво мамички и идни мамички. Ќе може ли да ми кажете од искуство колку шпикозни и бодиња од ваикики бројче 50-56 (за бебиња од 3-4,5кг), да земам за почеток?
Моето се роди 3.100, цели 2 месеци ги носеше тие бројчиња, пред една недела почнав да му облекувам 56-62. Се зависи колкаво ќе ти биде бебето, ако е повеќе од 3 и пол кила многу брзо ќе ги порасне најмалите, односно од ваикики 50-56.
Барав назад низ темава, отварав и рандом страни назад, не можев да најдам - од каде да купам непропустлива подлога за бебешко креветче за душекот, под чаршавот? Фала ви
Сакаш во форма на чаршав или обични? Јас ги земам обичните на бекутан што се за неколку употреби(додека не ги измочка). Многу се практични, ги користам и за пресоблекување над кадичката.
Јас имам земено од сомниа шоп за спална но имаат и за единечен кревет со ластик е чершавот и се пере во машина. Можеш на нивната страна да провериш за димензии кои ги имате. Не се многу скапи јас за спална го зедов некој си 300-350 ден и до сега е добар нема пропуштено.
Мене не ме поти, мм се жали дека го потел но тој и без тој чаршав потеше на спиење. За шушкање малку на почетокот сметаше дека не навикнати, но сега веќе и не го приметуваме. Најмногу заради керка ми го порачав бидејќи со нас спие на спалната а тој период ја имаше фатено вирус со повраќање, па по практично ми беше таков чаршав да ставам на душекот отколку да го вадам и перам навлаката од душекот.
Не ти треба и на мojава и се. Пoсле бањање малце пoвише ќе jа намачкам сo млекoтo за телo. Бравo за баткo сега пази да не е лазач пo спална какo мojава па oд трojца на кревет дваjца да сте какo нас